12 Мај, 2024
0.0295

Важни факти за повеќето милионери!

Објавено во: Стил 13 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Иако да си милионер во денешно време не е она што беше некогаш, сепак и понатаму останува тешко да се дојде до тој статус. Во 2009 година во САД имало 7,8 милиони домаќинства со средства од над 1 милион долари. Некои од нив живеат скромно, всушност многу од милионерите живеат без да се наметнуваат на околината. Кога ќе се слушне зборот „Милионер", луѓето си замислуваат јахти, безгрижност, скапа облека и автомобили. Тоа сепак не е секогаш така. Погледнете неколку работи кои можеби не ги знаете за милионерите: 1.Тие трошат помалку отколку што заработуваат. Додека просечниот Американец плаќа едно чудо работи со кредитна картичка кои инаку не би можел да си ги дозволи, милионери не трошат повеќе отколку што заработуваат. 2. Тие знаат дека трпението е злато Не се станува милионер преку ноќ. Многу од овие луѓе за тоа работат цел живот, за да можат на средна возраст (и дури подоцна) да се радуваат на стабилна банкарска сметка. 3. Кога ве поканат во куќата со три спални, ќе ви послужат со обично кафе, а не со Starbucks Оние што можат да си купат куќа со 10 спални, фитнес и кино не значи дека и ќе го направат тоа. Многу милионери живеат во куќи со 3 спални и 2 купатила, што за нивниот стандард е малку. 4. Една друга карактеристика на богатите е дека не им е гајле дали ги гледаат како скржави! 5. Плаќаат за обврските од кредитната картичка секој месец Како што рековме и во точка 1, тие знаат дека ако не можат да платат за нешто во готово, тогаш не можат да си го дозволат и точка. 6. Знаат дека не треба да имаат долгови Милионерите знаат дека парите не купуваат среќа. Она што го бараат е финансиска слобода, а за да ја имаат, тие не треба да имаат долгови. 7. Знаат дека парите се како мало дете - не можат да се грижат сами за себе и имаат потреба од подобро управување. 8. Прашуваат зошто работите нешто што не ви се допаѓа Иако е можно да се збогатите, додека правите нешто што не ви се допаѓа, тоа се случува ретко. 9. Знаат колку е важен планот Милионерите знаат дека е можно да се збогатат без план само со многу голема среќа. 10. Имаат големи цели Успешните луѓе не се плашат да мислат амбициозно. 11. Знаат дека мора да се работи напорно Со текот на времето тие научиле дека со работа може да се компензираат многу финансиски грешки, а сите прават грешки. 12. Се осигуруваат Се може да се случи, па затоа тие имаат осигурување но и план Б 13. Знаат дека времето припаѓа на младите Тие почнуваат да штедат уште пред да наполнат 30 години. 14. Не може да се потроши она што не се гледа Користат опции за автоматско одземање од платата за придонеси за пензиско осигурување, па така издвојуваат и за заштеди. 15. Не им е потребно да работат Сè што имаат е платено одамна - тие не треба да ја исплаќаат ратата за куќа или автомобил. 16. Не се импресионираат од скапи автомобили Не може да ги импресионирате со тоа што возите скап автомобил или живеете во огромна куќа (која не може да си ја дозволите, а тие можат).