29 Март, 2024
0.0250

Васко Ковачевски: Очекувам Катерпилар, Либхер и Коматсу да конкурираат за РЕК Битола

Објавено во: Економија 16 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Васко Ковачевски, директорот на РЕК Битола, изјави за „Фактор“ дека со новиот закон за јавни набавки, кој претпочита квалитет наместо најниска цена како критериум, се создадени условите најверојатно уште во јуни комбинатот да распише тендер за купување на машини за ископ на јаглен и јаловини.

„Очекувам на тендерот да конкурираат гиганти како Катерпилар, Либхер и Коматсу. Овие компании може да понудат машини што не се расипуваат 15 години и на кои единствено што треба е да им се стави масло. Досега тоа не беше возможно бидејќи со претходниот закон за јавни набавки можеа да се јават компании чии производи имаат сомнителен квалитет и можевме само да си направиме дополнителни проблеми“, вели Ковачевски.

Додава дека за прв пат по подолго време РЕК Битола ќе купува сопствени машини, наместо да дели тендери на надворешни фирми и скапо да плаќа за нивните услуги.

„Обезбедени се 20 милиони евра за таа намена оваа година, а за другата ќе бидат 24 милиони. Моја проценка е дека за РЕК Битола да работи целосно независно од надворешни фирми се потребни 100 милиони евра. Но за тоа требало да се мисли на време, а претходната власт цел период не набави ништо. Секако, за оваа набавка што ќе следува главниот збор ќе го има АД ЕСМ и се ќе оди преку нив“ вели поранешниот пратеник и советник во општина Битола.

РЕК Битола лани во март распиша тендер за набавка на 44 машини за околу 20 милиони евра со кои требаше да копа јаглен и јаловина, но АД ЕСМ одлучија да го поништат. Анализите на РЕК Битола покажале дека треба да го чекаат новиот Закон за јавни набавки. Ова отвори простор надворешните кооперанти уште една година да добиваат работа во РЕК Битола во десетици милиони евра.

Набавка опфаќаше: 8 хидраулични багери-ровокопачи, 9 булдожери, 2 грејдери,3 автодигалки, 3 утоварувачи, 2 комбинирани градежни машини-скипови, 4 телескопски чистачи на транспортни ленти, 2 цистерни за вода, 3 товарни возила со хидраулична рака за кревање и превоз на товар и 8 камиони-дампери со носивост од 30 тона, но тоа не се случи.

Тендерот требаше да се објави до сега, но Ковачевски вели дека тој ќе следува по оној за електростатски филтри кој веќе е распишан и ќе чини околу 20 милиони евра во насока на заштита на животната средина

„Понудите за електростатски филтри ќе се отвораат на 21 јуни и ќе треба да одлучиме кој ќе ги постави. Ќе се санира разладната кула, од која што ќе се отстрани азбестната обвивка и во тек е тендерската постапка за избор на изведувач. Потоа ќе се сконцентрираме на механизацијата“, додава првиот човек на комбинатот во кој се произведува најголемиот дел од електричната енергија во Македонија.

Ковачевски е меѓу присутните гости на Енергетскиот форум 2019 во Струга на кој главна тема е обновливите извори на енергија.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?