01 Мај, 2024
0.0260

Вардар и Шкендија во „минус“ и со парите од УЕФА

Објавено во: Финансии 10 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Двата фудбалски ривали кои во последните пет години ги поделија титулите во македонското фудбалско првенство - Вардар и Шкендија, на крајот од 2018 добивката од една година претходно, ја претвориле во загуба следната година, покажуваат ревизорските извештаи тукушто објавени на Македонска берза. Вардар за минатата година прикажал загуба од 136 милиони денари, додека Шкендија бележи минус од 22 милиони денари. Претходно добивките на скопскиот и тетовскиот клуб беа плус 72 милиони, односно позитива од 27 милиони денари за Шкендија.

Од влезници Вардар заработил само 1,22 милиони денари со голема разлика споредбено со 17 милиони денари од 2017, а падот на спонзорирањето е од 90 на 36 милиони денари. 55 милиони денари се добиени од учество во натпреварувањата на УЕФА, но и тие се премалку во однос на 224,6 милиони од година дена претходно кога стана првиот македонски клуб кој обезбеди учестви во групната фаза на Европа лигата.

Приходите од телевизиските преноси се чиста нула, додека 43 милиони биле во 2017. 151 милион биле исплатени за плати на вработени, од кои 84,5 милиони за фудбалери. Примањата на фудбалерите се двојно помалку од една година претходно. И бројот на вработени бележи пад од 87 на 66 ангажирани.

Нето приходите од трансфери на играчи изнесувал 8,4 милиони денари, за разлика од 50 милиони денари пред една година. Позајмени од банка биле 129,5 милиони денари, а каматите се петкратно нараснати. 

„Во текот на 2018 година Друштвото склучи Договор за рамковен револвинг кредит лимит со една домашна финансиска институција на износ од 3,000,000 Евра со рок на доспевање до 18 мај 2019 година. Како обезбедување за обврските за кредити, поврзаната страна СИС Инвест Груп доо Скопје, заложи недвижен имот- идна недвижност“, вели ревизорот.

Вардар платил и 12 милиони денари за казни и пенали, додека претходно бил чист. За наем на фудбалскиот терен од Општина Аеродором во Јане Сандански платил 4,8 милиони денари или нешто помалку од претходно.

„Раководството на Друштвото и сопственикот ги превземаат сите неопходни мерки во насока на одржливост и развој на деловните активности на Друштвото. Сопственикот на Матичното Друштво - РК Вардар АД, Скопје со своето писмо за поддршка ја изрази својата намера да продолжи со поддршката на Друштвото во период не пократок од 12 месеци од датумот на писмото“, вели ревизорот..

И Шкендија бележи пад од 14,2 на 5,5 милиони денари за влезници. Спонзорството и рекламирањето е паднато од 105 на 22 милиони. Телевизиските приходи одат надолу од 7,1 на 2,8. Единствено, светла точка е тоа што приходите од УЕФА за настап во нејзините натпреварувања се поголеми од 60 на 102 милиони денари. 

73 милиони денари им биле платени на фудбалерите, повеќе за 21 милион од лани. На сите вработени доходот е 107 милиони денари, односно зголемен за 23 милиони.

Кога станува збор за готови средства во банка, Вардар на располагање имал само 3,2 милиони денари, додека Шкендија имала 35,5 милиони. 

А.К.

Можеби ќе ве интересира

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?