20 Април, 2024
0.0266

Зошто акцијата на „Алкалоид“ злато вреди?

Објавено во: Економија 23 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Тимот што победува не се менува! Менаџерите на „Алкалоид“ добија нов 6 годишен мандат и дадоа отчет за сработеното досега при што особено се истакнува тоа што профитот е удвоен, а консолидираната продажба зголемена за 60 отсто. И што е најважно за инвеститорите дивидендата од 2015 до 2021 година растеше просечно годишно со стапка од 12 отсто!

„Алкалоид“ постави нов стандард во македонската корпоративна историја, овој пат по начинот на информирање на јавноста за поставувањето на старо-новиот менаџерски тим односно управниот одбор на друштвото.

Кратко, јасно и прецизно без непотребни флоскуси и прави фрази компанијата ја извести јавноста дека акционерите им дале нов 6 годишен мандат на досегашните менаџери: Живко Мукаетов, Милица Глигорова, Ѓорѓи Јованов, Ќире Ицев и Виктор Стојчевски.

Акционерите мандатот им го довериле заради тоа што успеале во период од 6 години континуирано годишно да ја зголемуваат дивидендата за 12 отсто. Тоа е најважниот аргумент за акционерите кои покажуваат дека овој тим заслужува целосна доверба и нов мандат.

Инаку во периодот што е зад нив (од 2015 до 2021 година) малата и одбрана чета на Мукаетов успеа да ја зголеми консолидираната продажба на „Алкалоид“ за 80 милиони евра (лани била 207,6 милиони евра, а 2015 година била 127,6 милиони евра). А при тоа низ тие години да ја удвои добивката на друштвото која лани достигна 21,1 милиони евра.

А тоа секако се одрази соодветно и на дивидендата на компанијата која лани изнесуваше 396 денари, а пред 6 години била 207 денари.

Овие се бетон-аргументи заради кои „Алкалоид“ е златната акција на Македонската берза и токму заради горенаведеното не треба да се читаат ниту фундаментални ниту технички анализи.

На сето сработено досега од менаџерите и од работниот колектив на „Алкалоид“ и не би било нескромно, а е вистинито да се каже дека ова е најдоброто од Македонија! 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите