ВАКОВ ИНЦИДЕНТ ВЈОСА ОСМАНИ ПРЕДИЗВИКАЛА И СО „ТУРКИШ ЕРЛАЈНС“ И СО „АУСТРИЈАН ЕРЛАЈНС“: И „Левица“ има нешто да каже за косовската претседателка
Објавено во: Македонија 04 Август, 2024 14:00
Инцидентот што се случи со претседателката на Косово, Вјоса Османи, на Меѓународниот Аеродром Скопје го отсликува системското непочитување на институциите и законите, првично од страна на самиот спикер Африм Гаши, кој нема никаква надлежност да реагира во конкретниот случај. Реакцијата на неговото обезбедување, надвор од своите овластувања, де факто го попречило нормалното функционирање на безбедносните процедури, велат од политичката партија Левица.
„Иако е јасно дека се работи за скандалозно пречекорување на овластувањата, каде се подриваат македонските институции за да се заштити функционер од друга држава - три дена нема никаква најава за одговорност од страна на власта, освен неколку паушални и дипломатски соопштенија.
За бесрамното самоволие на косовската претседателка Османи говори фактот што ова не е нејзин прв меѓународен инцидент. Ваков инцидент Османи предизвикала и со авиокомпаниите „Туркиш ерлајнс“ и „Аустријан ерлајнс“, при што компаниите не дозволиле авионите да полетаат сѐ додека не се испочитуваат меѓународните воздухопловни стандарди за цивилен соообраќај (и покрај инсистирањето на нејзиното обезбедување).
Реакцијата и протестната нота на косовската влада во најмала рака ги квалификуваме како СРАМНИ кои го штитат самоволието на Вјоса Османи. Виенската конвенција за дипломатски односи е децидна дека ослободени од безбедносен преглед се само официјалните гости на македонската влада, при што операторот на аеродромот добива официјално известување за таквото изземање од Министерството за внатрешни работи. Со тоа што Османи целосно ги заобиколила МВР и МНР и го повикала спикерот Гаши, се потврди дека дел од оваа влада е директно контролирана од КУРТИ.
Очекуваме на најавената средба Мицкоски - Курти, премиерот на македонската влада да застане во одбрана на македонските институции и јасно да го ОСУДИ ваквото скандалозно однесување на претседателката на Косово.
Скандалозно е што МВР објави само соопштение и уште нема одговорност за обезбедувањето на Африм Гаши, кој веднаш мораше да биде санкциониран.
После скандалот со молитвата во Собранието и инцидентот на скопскиот аеродром, Левица е децидна дека Африм Гаши повеќе нема интегритет да ја врши функцијата претседател на Собранието и поради тоа ќе поднесе ИНТЕРПЕЛАЦИЈА за негово разрешување.“ велат оттаму.
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




