УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син
Објавено во: Македонија 08 Октомври, 2024 18:01
Од полицијата велат дека за инцидентот во селото Слатино, сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, а повреден е и малолетниот син.
Попладнево во тетовското село се пронајдени две безживотни тела на мајка и нејзината ќерка.
„Денеска (08.10) околу 14:00 часот во СВР Тетово Т.Ј. од Теарце во својство на лекар пријавил дека бил повикан на интервенција во село Слатино од М.З. од Слатино, Тетово, кој без знаци на живот ги пронашол нејзината ќерка К.Ш (36) и нејзината внука доенче во нивниот семеен дом, каде што била констатирана смрт. Постапувајќи по пријавата, обезбедено е местото каде екипа од СВР Тетово во соработка со јавен обвинител извршила увид и по наредба на обвинител безживотните тела на починатата се предадени на обдукција, додека нејзиниот сопруг Р.Ш. (50) заедно со неговиот малолетен син, ќе бидат пренесени на лекарска помош во тетовската клиничка болница, а потоа лицето Р.Ш. ќе биде приведено во Полициска станица за понатамошно постапување“, стои во соопштението на МВР.Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




