УЖАС ВО АЛЕПО: Бомбардирана детска болница
Објавено во: Свет 17 Ноември, 2016
Сириски авиони бомбардираа детска болница во Алепо за време на 48-часовна офанзива.
Според податоците на публикација од „Здружението на независни доктори" на „Фејсбук", млазни авиони и хеликоптери ја бомбардирале повеќе пати детската болница во Алепо. За целта биле користени 20 импровизирани експлозивни уреди. Од асоцијацијата известуваат за удари врз уште 5 болници и 1 мобилна клиника во рамките на 48-часовната офанзива.
Според податоците на Сирискиот центар за човекови права, жртвите на нападите се до моментот 20, но се очекува нивниот број драстично да се зголеми. Еден од лекарите во детската болница, д-р Хатем коментира дека сите кои успеале да преживеат се кријат во подрумот и не смеат да се евакураат, бидејќи очекуваат уште бомби да паднат на нивните глави.