19 Декември, 2025
0.1001

УТРОВО ИЗЛЕЗЕ ОД ЗАТВОРОТ ВО СТРУГА: Мијалков е на слобода

Објавено во: Македонија 23 Мај, 2024 14:45

Добивај вести на Viber

Екс директорот на УБК, Сашо Мијалков е на слобода. Тој утринава излезе од затворот во Струга.

Тој доби предвремен прекин на затворската казна која му истекуваше догодина, под услов до 25 април 2025 година да не стори кривично дело. Одлуката пред неколку дена ја донесе скопскиот Апелационен суд по решението за жалба на Мијалков на одлуката на Основен Кривичен суд Скопје.

Мијалков издржуваше тригодишна казна затвор за случајот ,,Империја”, која му истекуваше во април идната година. Тој по спогодбата во струшкиот затвор влезе на 22 август 2022 година, а во казната му се засметуваат и четирите месеци кои претходно ги помина во притвор. Со условниот отпуст од Кривичен суд требаше да излезе во декември, но Апелација му скрати уште неколку месеци од казната.

Мијалков беше осуден на казна затвор од една година и три месеци за ,,Плацеви на Водно”, но казната затвор од една година и три месеци Апелација му ја замени со условна.

Апелација претходно укина три пресуди против Мијалков за случаите „Трезор”, „Таргет- Тврдина“ за прислушувањето и „Титаник 2“ за изборни нерегуларности. Со измените на Кривичниот законик, тој и дефинитивно се спаси од казна затвор за „Таргет- Тврдина“ и „Титаник 2“, а „Трезор“, застарува годинава.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот