Утре ќе се гласа за предлогот Владата времено да ја превземе Универзална сала
Објавено во: Македонија 29 Март, 2023 20:24
Иницијативата на СДСМ за времено отстапување на корисничкото право на објектот на Универзална сала од Град Скопје на Владата, заради негова доизградба, конечно се најде на дневен ред на на градскиот Совет и советниците за неа треба да се изјаснат на утрешната седница.
Советничката група на СДСМ и коалицијата иницијативата ја поднесува поткрепена со писмото за намера кое министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска го испрати до координаторите на советничките групи пред еден месец, а со кое се бара времено да се отстапи објектот до завршување на реконструкцијата.
Се предлага отстапувањето на корисничкото право да биде од времен карактер, до завршување на реконструкцијата, по што Град Скопје ќе си го врати корисничкото право.
За реализација на одлуката неопходна ќе биде промена на инвеститорот, од Град Скопје на Владата на РСМ, за што ќе биде потребно да се склучи посебен договор со кој ќе се регулираат правата и обврските на двете страни.
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




