УСТАВЕН СУД ОФОРМИ ПРЕДМЕТ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОК ЗА СОЛИДАРНОСТ - По поднесените иницијативи
Објавено во: Македонија 16 Октомври, 2023 15:24
Уставниот суд информира дека се оформени два предмета по поднесени иницијативи, во кои е оспорен Законот за данок за солидарност во целина.
Oва, како што велат од Судот, значи дека Уставниот суд допрва ја почнува постапката и ќе ги испитува наводите во двете иницијативи.
Иницијативите се поднесени од Финмак ДОО, Скопје преку адвокатско друштво Дебарлиев, Дамески и Ќелешовска и од Стопанска комора на Република Северна Македонија преку адвокат Игор Спировски.
- На прашањето дали Уставниот суд ќе донесе времена мерка за да го стопира спроведувањето на законот, информираме дека согласно Деловникот за работа во оваа фаза од постапката, Уставниот суд не одлучува одделно само за времената мерка, туку кога ќе се расправа и одлучува по главниот предлог во врска со предметот - истакнуваат од Судот.
Анета Трајковска од Стопанската комора денеска истакна дека иницијативата е поднесена на 12 октомври и во неа е побарана времена мерка токму поради кратките рокови предвидени во законот со цел да се спречи евентуално настанување на некои последици кои потоа потешко може да се санираат.
- Во функција на заштита на нашите компании членки е поднесено барањето за времената мерка, останува Судот да си ја донесе својата одлука, рече Трајковска во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Стопанската комора и додаде дека Комората секогаш протежира законита и легитимна постапка.
Фото: Принтскрин/Фејсбук/Уставен суд
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




