18 Декември, 2025
0.0633

УШТЕ ЕДНА РЕАКЦИЈА ЗА ПОПИСОТ ВО АЛБАНИЈА: Грците не го прифаќаат бројот на православни

Објавено во: Балкан 30 Јуни, 2024 07:38

Добивај вести на Viber

И Грција реагира за пописот во Албанија. Тие не го прифаќаат бројот на православни во земјата. 

Здружението „Омонија“ кое го претставува грчкото малцинство во Албанија, се спротивстави на објавените резултати од Пописот направен во 2023 година, а кои Институтот за статистика, ИНСТАТ, ги објави вчера. „Омонија“ ги нарекува резултатите неосновани, нереални и неприфатливи во однос на демографијата на грчкото малцинство. Во име на Грците во оваа земја, изразуваат загриженост и за бројките за населението, кои се однесуваат за верска припадност, не прифаќајќи го дури ни бројот на православните во земјата.

„Бидејќи огромното мнозинство од припадниците на грчкото етничко малцинство припаѓаат на Православната црква, не можеме да не ја осудиме упорноста да се поправи бројната големина за православните, далеку од реалноста и од она што е историски потврдено. Тоа не е добар предзнак за мирен соживот во земјата, ниту пак служи на добриот имиџ што ѝ е потребен“, се вели во реакцијата.

Пописот покажа дека 23.485 лица се изјасниле дека се Грци, а вкупниот број православни бил 174.000.

Македонските претставници ги отфрлија пописните резултати, оценувајќи ги манипулација и фалсификат. ИНСТАТ соопшти дека во земјата живеат 2.281 Македонец. Бројката на Бугари е поголема од таа на Македонците. Пред и во текот на пописот, бугарски политичари агитираа во местата населени со Македонци за да се пишат како Бугари. Македонците обвинуваа дека се делат пасоши и се нудат и други привилегии како студирање во Софија. Бугарија извесно време го застапува ставот дека во Албанија има бугарско малцинство. 

foto freepik.com/marinadatsenko

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен