29 Февруари, 2024
0.0545

Управниот одбор на Комората зајакнат со два нови потпретседатели и три нови члена

Објавено во: Економија 11 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Управниот одбор на Комората зајакнат со два нови подпретседатели и три нови члена

Собранието на СКСМ на 07.12.2023 година, покрај редовните точки врзани за програмските документи, изгласа и зајакнување на кадровскиот состав, во пресрет на предизвиците со кои ќе се соочуваме во текот на 2024 година. Нови подпретседатели на УО се Анита Блажевска (41) – „ФИЛИП МОРИС ТКП“„ и Ирена Јакимовска (50) – „Комфи Ангел“. Во УО беа избрани Снежана Савиќ Димовска (45) – „ПИВАРА СКОПЈЕ“ АД, Ана Таневска Ѓерѓиевска (41) - „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ АД-Скопје“ и Горан Мауровски (37) – „ФАКОМ„ АД Скопје. Во тек е постапка за вклучување на Јордан Димитровски (44) - „АИТОНИX“, Жарко Димитриоски (34) - „БД ГРУПА“ и Аријана Коскаровска (34) - КРЕАТИВ ХАБ. Исто така зајакнат е и советничкиот тим со Кристофер Сандерс од СР Германија како специјален советник на претседателот на СКСМ, Бранко Азески.

Со тоа Комората уште еднаш покажа дека располага со значаен кадровски потенцијал, кој е потребен за новите предизвици врзани со претседавањето со Балканската коморска асоцијација; формирањето на Институтот за извоз, Берзата на трудот, Центарот за микро, мали и средни претпријатија, Тимот 40 - Асоцијација на млади претприемачи и Советот за напредни технологии.

Во УО на Комората се наоѓаат и Александар Гечев, Анатол Кутрески, Зоран Милковски, Александар Манев, д-р Никица Мојсовска Блажевска, сите на возраст помеѓу 30 и 45 години.

П.С: Континуираните кризи од 2008 до денес (економска, финансиска, здравствена, енергетска), го принуди подпретседателскиот тим на Комората Сашо Наумоски, Сашко Самарџиоски, Глигор Цветанов, Драгана Чифлиганец и Виктор Мизо, најголемиот дел од своето време да го поминат во своите компании и околу сопствените бизниси. Сега тие оперативно ќе помогнат и на Комората, од што бенефит ќе имаат и сите компании.

Служба за информирање


Можеби ќе ве интересира

СЕ ЗГОЛЕМИЛА НЕВРАБОТЕНОСТА: Колку лица се без работа во Германија?

СЕ ЗГОЛЕМИЛА НЕВРАБОТЕНОСТА: Колку лица се без работа во Германија?

ДОБРА ВЕСТ ЗА УЧИЛИШТАТА, ГРАДИНКИТЕ И МАЛИТЕ ДУЌАНИ - ќе плаќаат поевтино парно за 35 проценти

ДОБРА ВЕСТ ЗА УЧИЛИШТАТА, ГРАДИНКИТЕ И МАЛИТЕ ДУЌАНИ - ќе плаќаат поевтино парно за 35 проценти

ПУШАЧИТЕ МЕЃУ ЗДРАВЈЕТО И ПРОФИТОТ – како ќе се постапува на ова прашање, ќе се заштити јавноста, или ќе се остави „сами да му ја мислат“

ПУШАЧИТЕ МЕЃУ ЗДРАВЈЕТО И ПРОФИТОТ – како ќе се постапува на ова прашање, ќе се заштити јавноста, или ќе се остави „сами да му ја мислат“

МИЛЕНИУМЦИТЕ СЕ НА ПАТ ДА СТАНАТ НАЈБОГАТАТА ГЕНЕРАЦИЈА ВО ИСТОРИЈАТА - очекуваат годинава да станат уште побогати

МИЛЕНИУМЦИТЕ СЕ НА ПАТ ДА СТАНАТ НАЈБОГАТАТА ГЕНЕРАЦИЈА ВО ИСТОРИЈАТА - очекуваат годинава да станат уште побогати

ШТО НЕ ЧЕКА ОД УТРЕ? Ќе рипнат ли „гарантираните“ цени до плафон?

ШТО НЕ ЧЕКА ОД УТРЕ? Ќе рипнат ли „гарантираните“ цени до плафон?

Кој скопски хотелиер од дивиденди и камати заработи 1,1 милиони евра?

Кој скопски хотелиер од дивиденди и камати заработи 1,1 милиони евра?

ОСТАНУВА МИСТЕРИЈА НОВИОТ ГАЗДА НА ТОПЛАНАТА СЕВЕР - молк за тоа кој ја купи за 350 илјади евра фирмата што грее 500 домаќинства

ОСТАНУВА МИСТЕРИЈА НОВИОТ ГАЗДА НА ТОПЛАНАТА СЕВЕР - молк за тоа кој ја купи за 350 илјади евра фирмата што грее 500 домаќинства

Дали германските работодавци ќе отпуштаат во следните месеци?

Дали германските работодавци ќе отпуштаат во следните месеци?

СЛОВЕНИЈА Е НА ВРВОТ: Македонија со најниска просечна плата во регионот

СЛОВЕНИЈА Е НА ВРВОТ: Македонија со најниска просечна плата во регионот