16 Декември, 2025
0.0600

УНИШТЕНИ ПАТИШТА, ФАБРИКИ, ПОЛИЊА ПОЛНИ МИНИ: Украински економист за Фактор открива колку време ќе биде потребно за обнова на Украина

Објавено во: Свет 04 Јули, 2022 07:30

Добивај вести на Viber

Засега е многу тешко да се даде одговор на прашањето колку време ќе биде потребно за економско закрепнување на Украина откако војната ќе заврши. 

Но, она што е сигурно е дека тоа ќе биде макотрпен процес, затоа што во земјата се уништени патиштата, мостовите, фабриките, полињата се полни со мини. На Украина ќе ѝ требаат донации и помош од надвор по војната за да може да се стабилизира.

„Дури и да го отфрлиме прашањето кога ќе заврши војната, на оваа тема е многу тешко да се одговори. Општо земено, зависи од тоа колку ќе бидат уништени или оштетени, колку  ресурси ќе бидат достапни за реконструкција и обновување. Последново зависи од економскиот статус на крајот на војната и од тоа како многу средства би биле обезбедени од донатори и повратени од замрзнатите руски средства во странство. Но, имајте в предвид дека јас правам разлика помеѓу реконструкција (на физички средства) и обновување (мислам на активности), а тоа  не е исто. Може да има претпријатија кои се физички недопрени, но не работат, бидејќи им недостигаат побарувачка, персонал или инпути. Исто така, може да сносиме дополнителни трошоци за да го компензираме отсуството на некои објекти (на пример да изнајмуваат нови наместо уништените), а висината на средствата зависи од времетраењето на војната, спротивно на цената за реконструкција“, вели Дмитро Гориунов, виш економист во Центарот за економска стратегија.

Објаснува дека според пресметките што ги направиле заедно со Киевското економско училиште, физичките штети чинат 95 милијарди долари, а вкупниот износ за реконструкцијата и обновувањето се проценуваат на 165 милијарди долари. Овие бројки се заклучно со 13 јуни. Неколку сектори се најпогодени од војната.

„Металургијата ги загуби Азовстал и ММК Илича, второто и третото по големина претпријатије во секторот, соодветно, тие се и меѓу најголемите претпријатија во Украина воопшто. Други индустрии кои многу претрпеа се и транспортната инфраструктура (патишта, железници, крстосници, мостови, поморски пристаништа и аеродроми), земјоделство (најмногу поради нагазни мини), енергија (на пример, уништена е најголемата нафтена рафинерија) и хемиската индустрија“, додава економистот.

Гориунов рече дека сега е многу тешко да се изготват економски прогнози. Но, војната ќе донесе поголема сиромаштија во Украина.

„Економистите очекуваат дека на тој начин економијата ќе се намали за 30-45 отсто во реални услови. Светска банка очекува дека стапката на сиромаштија може да се зголеми десеткратно, од 2 отсто дури до  20 отсто од населението“, вели Гориунов.

Пред неколку години Украинскиот аналитички центар објави дека Украина е меѓу десетте држави со најниски плати во Европа. Статистичките податоци покажуваат дека ако во 2010 година Украинците имале просечна плата од 171.1 евро, во 2022 година просекот изнесувал 455.1 евро. Лани стапката на невработеност била над 10 отсто. Ако се вратиме назад и ако ги погледнеме податоците, низ годините процентот на невработени варирал. Во 2000 година Украина имала стапка на невработеност од 12,4 отсто.

Како што пишуваа украинските медиуми, откако почна војната, во вкупниот број регистрирани невработени има повеќе жени – 61 отсто. Најголем дел од невработените се регистрирани на возраст од 34-44 и 45-55 години.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“