14 Декември, 2025
0.0379

УНИШТЕНИ ДЕСЕТИНА КИЛОГРАМИ НЕБЕЗБЕДНА ХРАНА! Еве што велат од АХВ

Објавено во: Економија 15 Март, 2025 11:15

Добивај вести на Viber

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) минатата  и оваа недела спроведе 154 вонредни инспекциски надзори во магацини и ладилници за храна. Недоследности се утврдени кај 41 оператор, за што се издадени решенија за наредба.

Изречени се 15 парични казни и уништени се десеттина килограми небезбедна храна. Кај 7 од контролираните оператори утврдени се незадоволителни хигиенски услови, а кај двајца, производите не биле означени (декларирани) на македонски јазик.

Кај осум оператори со храна  утврдено  е дека вработените немале  санитарни книшки, односно биле затекнати без задолжително спроведен здравствен преглед. Кај еден од операторите кај кој е спроведен инспекциски надзор, АХВ утврдила дека врши недозволено препакување на производи од животинско потекло.

Инспекциските  служби на АХВ, минатата недела во Скопје, при спроведен вонреден надзор, затворија нелегална работилница за производство на производи од месо. Нештетно уништија околу 200 килограми небезбедни производи. За сторениот прекршок (работа без одобрение од АХВ и ставање во промет на небезбедни производи) на нелегалниот оператор изречена му е и парична казна.

При друга спроведена вонредна контрола, од физичко лице, одземени се и 50 килограми производи од месо со непознато потело. Производите се продавале на отворено, без потребен температурен режим. За сторениот прекршок, на физичкото лице изречена му е парична казна, а одземените небезбедни производи од месо нештетно се уништени.


Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година