09 Мај, 2024
0.0256

УНИБанка со плаќања без надомест за трансакции во денари за оние кои користат електронско и мобилно банкарство

Објавено во: Економија 18 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Во овој предизвикувачки период за сите нас УНИБанка ја донесе одлуката за клиентите- физички лица, корисници на услугата електронско и мобилно банкарство, плаќањата да се без надомест за трансакции во денари.

Со користење на електронското и мобилното банкарство клиентите ќе имаат можност да ги извршуваат сите банкарски трансакции од дома, директно преку својот мобилен телефон или компјутер. Тоа овозможува едноставно и практично користење на банкарските услуги во секое време и од секое место. 

Со мобилната апликацијата My Unibank, клиентите можат брзо, лесно и сигурно да ги проверат состојбите на банкарските сметки и депозитите, да вршат плаќања во реално време со еден клик на својот мобилен телефон. УНИБанка континуирано ја надоградува оваа услуга, отсега клиентите имаат можност сами да отворат трансакциска и депозитна сметка, како и самостојно да ги надополнувате депозитите во секое време, брзо, лесно и сигурно.

Ви овозможуваме заштеда на време, средства и можност да ги завршите Вашите банкарски обврски 24 часа на ден, седум дена во неделата, без дополнителна посета на експозитурите. Во исто време, клиентите на банката имаат пристап и информации за салдата на кредитните и дебитните картички и можат многу лесно да го пронајдат најблискиот банкомат за подигнување на готовина.

„ Ништо не е невозможно. Можеме да направиме сè ако се трудиме доволно - Остани дома е нашата порака ! Сите новости, информации како и вашите прашања може да ни ги испраќате на социјалните мрежи, на веб страницата www.unibank.mk, и на телефонскиот број 02/3286 100 ,02 3111 111 ″. – изјавуваат од Банката.

Можеби ќе ве интересира

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?