26 Април, 2024
0.0274

УНИБанка држи лекции! Добивката зголемена за речиси 50 отсто

Објавено во: Економија 09 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Уникатна и ефективна деловна стратегија на менаџментот на УНИБанка. Во „корона година“ зголемени нето приходи од камати и провизии. Зголемени останати приходи од дејноста. Во годината на големите ризици кои ги носи пандемијата УНИБанка остана доследна на своите корпоративни деловни партнери и на клиентите – физички лица. Не посегна да вложува во државни обврзници туку пласираше кредити.

УНИБанка има фантастични резултати во работењето лани и година за паметење! Во услови на многубројни отежнувачки околности и зголемени ризици во економијата предизвикани од пандемијата, УНИБанка успеа да ја зголеми добивката од работењето за речиси 50 отсто во споредба со 2019 година и тоа да го оствари со значајни растови на сите приходни ставки: нето приходите од камати, нето приходите од провизии и надоместоци и останатите приходи од дејноста.

Ако 2020 година се мери според растот на добивката во проценти може слободно и без скромност да се каже дека УНИБанка одржа лекција за успешно работење во банкарскиот сектор во земјава.

Очигледно дека менаџментот на оваа Банка има специфична и веројатно уникатна деловна стратегија која се покажа на дело како многу успешна и ефективна. Затоа што сите можат да и позавидат на растот на профитот. При тоа банката лани била целосно посветена на деловните клиенти (во секторите корпоративно банкарство и граѓанско кредитирање) и немала работа со купување хартии од вредност (пред се државни записи и обврзници) како што тоа било тренд кај некои големи банки кои досега ги објавија годишните финансиски податоци.

Да почнеме со ред: нето приходите од камати се зголемени за солидни 7,6 отсто во споредба со 2019 година. Лани тие изнесуваат 13,8 милиони евра и се за речиси еден милиони евра повисоки од претходната година. Втората најголема приходна ставка го следи трендот на најголемата приходна ставка. Нето приходите од провизии и надоместоци лани изнесуваат 3,06 милиони евра и се за 12,6 отсто повисоки од 2019 година. Солиден раст има и кај останатите приходи од дејноста. Тие достигнале 948.000 евра и се за 379.000 евра повисоки од лани.

Значаен катализатор за зголемената добивка на банката лани се намалените трошоци за резервации на кредитните пласмани. И уште еднаш тука да повториме и потенцираме дека тоа е реализирано во „корона криза“. Износот на резервации на крај на 2020 година изнесува 1,85 милиони евра и тоа е за 902.000 евра помалку од претходната година. Друга значајна трошковна ставка се расходите за вработените кои лани изнесуваат 5,2 милиони евра и се минимално намалени во однос на претходната година.

И сите горенаведени индикатори носат до резултатот: добивката лани изнесува 6,08 милиони евра што е за 47,6 отсто подобар скор од профитот остварен во 2019 година. Или 2 милиони евра поголема заработка лани од 2019 година.

На страната на билансот на состојба има една состојба која е квалитативен и уникатен белег на деловната стратегија на УНИБанка. Тоа е нивото на вложувања во државните хартии од вредност. Некои други банки во ваква кризна година која носи непредвидлива иднина посегнаа во вложување во државни хартии од вредност. Но не и УНИБанка. Кај неа нивото на вложувања во хартии од вредност е 2,2 милиони евра и тоа е исто како и во 2019 година. Наспроти тие вложувања се кредитните пласмани со 272,2 милиони евра. И тие лани биле на исто ниво како и во 2019 година.

Лани, во „корона“ годината УНИБанка ја зголеми вредноста на депозитите за нешто повеќе од една милијарда денари. Имено, на крај на декември 2020 година нивната вредност достигна 315 милиони евра и тоа е за 17,6 милиони евра повеќе од 2019 година. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра