25 Април, 2024
0.0330

УЛТРА МОДЕРНИ СТАНОВИ ПО ЦЕНИ ОД 1.250 ДО 1.350 ЕВРА ПО КВАДРАТ: East Gate Living гради 10 згради кај Скопски саем

Објавено во: Економија 21 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Нови десет згради ќе никнат на местото на поранешен Скопски саем.

East Gate Living денеска објави нов модерен концепт на домување, и велат дека тоа се конечно добри вести за сите кои се во потрага по промена во начинот на живеење во главниот град на земјава.

„На само пет минути од ценатрот на Скопје и на помалку од три минути од парк шумата Гази Баба, East Gate Living е новиот визиопнерски проект во изградба, позициониран веднаш до Ист гејт молот, кој треба да биде пуштен во употреба во втората половина на октомври. Сместен во единствениот повеќенаменски проект од овој размер, распространет на вкупна површина од 13 хектари и зелена површина од 2,5 хектари, овој станбен комплекс е одговор на потребата од нова визија во живеењето и потребата од квалитетен активен живот“, рече Игор Давков, извршен директор на Скопје Ист гејт.

Бројот на планирани станбени единици е 672, а тоа е повеќе од 50 отсто од вкупниот број завршени стамнови во изминатава 2020 година. Токму оваа градежна динамика е тесно поврзана со трендот на побарувачка на станови, која од година во година рапидно се зголемува.

„Една од уникатните карактеристики е чистото опкружување околу зградите и детално планираниот простор, при што паркинзите се лоцирани под зградите на паркинг простор, кој брои 818 паркинг места, а на располагање е и сервисен паркинг со вкупно 152 места“, вели Давков.

Изборот на станови од 42 до 210 метри квадратни ветува разноликост и динамика, велат инвеститорите.

„Нашите блокови се на ртастојание од 50 метри. Знаеме дека градското зеленило е неопходно. Зеленикло проектиравме насекаде, а до нас е и парк шумата Гази Баба“, потенцира Давков.

Инаку, во првата фаза ќе бидат готови четири згради, и тие ќе бидат завршени до 2023 година.

Првите четири згради ќе имаат висина од П плус 14 ката. Оние од втората фаза ќе бидат П плус 12, а од третата фаза четирите згради исто така ќе бидат во висина П плус 14 ката.

За овие станови има голем интерес, односно како што велат од компанијата, веќе се резервирани 50 стана.

Сите десет згради ќе треба да бидат готови до 2027 година. Во сите згради вкупно ќе има 1.600 станови. Овие згради ги градат четири различни изнвеститори, со кои компанијата има партнерски однос.

Цената на становите ќе се движи меѓу 1.250 евра до 1.350 евра по метар квадратен. Инвеститорите велат дека цената ќе зависи од големината на станот, при што поевтин квадрат ќе имаат поголемите станови, како и од нивната местоположба.

Оној што ќе сака да купи стан ќе треба да купи и макар еден паркинг простор, кој ќе чини 7.000 евра. 

Изборот на станови ќе биде од помали станови од 42 метри квадратни, па се до дуплекс станови, од 210 метри квадратни.

Она што сигурно многу ги интересира граѓаните кои сакаат да купат станови во овој комплекс, е какво ќе биде греењеето. Во овие станови греењето ќе биде на градско парно. Но, како што објаснуваат инвеститорите, становите ќе бидат опремени со смартфон решенија, преку кои всушност ќе може да се управува со сите уреди во станот. 

На овој простор се предвидени да се изградат и пет деловни згради, покрај десетте станбени згради.

Станарите ќе плаќаат и за одржување на становите, но, како што велат инвеститорите, не станува збор за висока цена, односно оние со помалите станови од 42 метри квадратни, ќе треба да платат сума од околу 15 евра месечно.  

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?