Уличен дефект остави без вода корисници на овие улици
Објавено во: Мои пари 10 Октомври, 2019
Поради уличен дефект ф-2“ на ул. Марко Крале 44, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од истата улица-населба Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:30 часот до завршување.
Поради дефект на огрлица ( затварач) од Ф-125мм на ул.Нов Живот бб на. Шуто Оризари, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Нов Живот и ул.Гвадалахара од 11:45 часот до завршување со техничкиот зафат.