25 Април, 2024
0.0748

УКРАИНСКИ ФОТОГРАФ: Сакам да верувам дека моите фотографии имаат некакво влијание, дури и ако е капка во морето

Објавено во: Свет 22 Јуни, 2022

Добивај вести на Viber

Олег Петрасиук е украински фотограф чии фотографии го обиколија светот. Преку својата работа ја пренесува сликата на Украина денес, која е во војна и каде секој ден гинат невини луѓе. Тој вели дека во вакви услови, тешко е да се исклучат емоциите.  Во војна ниту новинарите, ниту фоторепортерите не се чувствуваат безбедно.

„Украина денес не е најбезбедното место за новинарите. За покривање на војната треба одредено искуство и разбирање на ситуацијата наоколу. Јас сум оттука и работам како возач, новинар и секако фотограф - се во едно лице. Ценам што ја сметате мојата работа за добра, но таа е далеку од идеална, поради многу причини, а емоциите се еден од тие фактори. Не можете да ги поднесете работите без емоции, како фотографирање на воени злосторства во родниот град. Ја анализирав мојата работа во Буча на првиот ден, и открив дека потрошив многу енергија држејќи се себеси под емоционална контрола. Тоа се одрази на резултатот од работата. Уште еден емотивен момент, секогаш сакаш да ја споделиш ситуацијата со твоите херои, мислам дека емпатијата те следи насекаде. Како фотограф работам 13 години“, вели Петрасиук.

Тој објаснува дека во 99 отсто од случаите нивното движење на фронтот е онаму каде армијата ќе дозволи.

„Украинските фотографи најмногу знаат што и како да фотографираат, од армиска безбедносна гледна точка. На почетокот имам правило во работата -  да не биде полошо. На почетокот на војната колегите кои беа донесени овде, немаа вакви чувства и тоа беше причина нашата армија да биде повнимателна во работата со новинарите“, додава фотографот.

Тој е од Киев, но поседува и имот во Буча, местото каде руските сили извршија масакр на цивили.

„Во Буча моето семејство има селска куќа, а јас живеев таму од 2015 до 2019 година. Најинтензивната работа беше во април, направив материјали од повторно заземената територија. Возев повеќе од 4.000 километри (тоа е многу ),  уништени патишта, мостови итн. Светот обично гледа дека тоа што сака да го види, ние, фотографите, само ја нотираме реалноста. Сакам да верувам дека моите  фотографии имаат некакво влијание, дури и ако е капка во морето. Можеби секој украински фотограф сонува да направи фотографија, која ќе ја запре војната“, додава Петрасиук.

Своите фотографии најчесто ги прави во главниот град Киев, но повремено оди и на други места. Сега се подготвува за работа на терен во Источна Украина. Откако почна војната во Украина, меѓу жртвите имаше и новинари и фоторепортери, домашни и странски.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница