Украинската валута девалвираше за 25 отсто
Објавено во: Економија 21 Јули, 2022 19:57
Украина ја девалвира својата валута гривната за 25 отсто.
Украинската централна банка, повикувајќи се на длабоките економски последици од војната со Русија, ја девалвираше гривната за 25 отсто, пишува Ројтерс. Во соопштението од 21 јули, банката наведува дека новиот официјален курс е 36,5686 за американски долар. Девалвацијата се случи еден ден откако Украина побара од своите доверители двегодишно замрзнување на плаќањата на нејзините меѓународни обврзници, за да ги насочи своите намалени финансиски ресурси за да се одбрани од Русија.
„Војната трае речиси пет месеци, во текот на кои имаше значителни промени, а во такви услови официјалниот курс на гривната на ниво од 24 февруари повеќе не одговара на реалноста и постепено ја губи улогата на сидро за очекувањата“, се наведува во соопштението.
И во 2015 година гривната загуби од својата вредност и тоа дури до 70 отсто. Тогаш имало случаеви каде продавниците во текот на денот по неколку пати ги менувале цените. Работник во Украина во 2015 година добиваше просечно 42,6 долари или 1.200 гривни месечно.
foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година




