Украинците претресуваат манастир во Киев и бараат оружје
Објавено во: Свет 22 Ноември, 2022 16:50
Украинските служби во манастир во Киев ги бараат агентите на Кремљ. Претресуваат свештеници и бараат оружје.
Безбедносните служби веруваат дека во просториите на Лавра може да има руски саботери и оружје. Проверуваат дали свештениците се вмешани во „незаконски активности на штета на државниот суверенитет на Украина“.
Како што пренесува РТ Балкан верниците, наводно, пееле песна што ја „слави Русија“ на литургија во Киевско-Печерската лавра, додека нејзиниот свештеник бил суспендиран.
Службата објави дека „мерките се насочени кон спречување на храмот да се претвори во „ќелија на рускиот свет“.
Синодот на непризнатата православна украинска црква УПЦ во мај најави создавање на верска организација за која сака да добие еден од храмовите на Лаврата. Се смета дека УПЦ се обидува да ја заземе киевско-печерската лавра.Нападите на Руската православна црква во Украина се чести, а вооружени украински екстремисти заземаат помали цркви во внатрешноста.
Се споменува дека е можно Русија наскоро да мобилизира уште 700.000 војници. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари.
фото Твитер
Можеби ќе ве интересира
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете




