14 Декември, 2025
0.0318

УКРАИНЦИТЕ НАПРЕДУВААТ КОН БЕЛГОРОД: Украина кажа кој е условот за крај на офанзивата во Курск

Објавено во: Свет 13 Август, 2024 16:47

Добивај вести на Viber

Украина го објави условот за крај на офанзивата во Курск.

„Украина не е заинтересирана за заземање територии во Русија“, објави нејзиното Министерство за надворешни работи. 

Портпаролот на Министерството, Георги Тихи, ја опиша украинската инвазија на регионот Курск како апсолутно легитимна.

„Колку побргу Русија се согласи на праведен мир, толку побргу ќе престанат нападите на украинските одбранбени сили врз Русија“, изјави портпаролот.

Украинците напредуваат кон Белгород.

„Речиси целото цивилно население од областа Краснојарск во руската област Белгород е евакуирана. Повеќе од 11 000 луѓе си заминаа“, напиша гувернерот Вјачеслав Гладков на Телеграм. 

Во моментов има околу 1.000 лица во привремено сместување.

Руските воени блогери објавија дека Суџа, град на околу 10 километри од границата каде што живееле повеќе од 5000 луѓе пред војната, е под украинска контрола.

Украина соопшти вчера дека држи 1.000 квадратни колометри територика во Русија. Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека Русија донесе војна во Украина и Русите треба да почувствуваат што направија. 

Инаку, САД велат дека ако на рускиот претседател Владимир Путин не му се допаѓа нападот на Курск, може да се повлече од Украина. Руската инвазија на Украина почна пред две и пол години. 

Можеби ќе ве интересира

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала