18 Април, 2024
0.6316

УКРАИНЦИТЕ ГО СМЕНИЈА СТАВОТ КОН МАТЕРИЈАЛНИТЕ ДОБРА: Штедите за стан, сонувате за куќа, менувате автомобил, а сето тоа може да исчезне

Објавено во: Свет 13 Јуни, 2022

Добивај вести на Viber

Поради војната, Украинците ги сменија ставовите кон материјалните работи. Украинскиот поет, преведувач и есеист Андриј Лубка деновиве порача дека луѓето наместо да вложуваат во материјалното, треба да се посветат на нематеријалните работи. Тој објаснува дека најдобро е да се инвестира во образование, вештини, создавање на контакти, затоа што тоа најмногу ќе им помогне на Украинците сега кога се во друг регион или надвор од својата земја што побрзо да застанат на свои нозе.

„Гледајќи ги бомбардираните куќи, ми текна на едно - треба да инвестирате пред сè во нематеријалното. Во себе, своето образование, впечатоци, емоции, искуства. Ова е највисоката вредност. Ова е она што е животот. Затоа што штедите за стан, сонувате за куќа, штедите пари, менувате автомобил за подобар - сите овие нешта се супер, но може да исчезнат. Не исчезнува само она што секогаш го носиш со себе, во себе. Сеќавања, емоции, знаења, вештини, искуства и човечки односи. Ова е најверодостојниот депозит во животот. Изградете социјални врски, учествувајте во различни иницијативи - многу полесно ќе ја добиете помошта што ви треба, ќе ги најдете вистинските контакти и излези“, вели Љубка.

Социологот Олга Безрукова објаснува дека Украинците беа принудени да ги напуштат своите домови со мал куфер и со надеж дека ќе се вратат.

„Луѓето ги оставија сите свои вредни работи, сè однесоа на ново место, своето знаење, вештини и повеќе домашни миленици. Во Украина, можете да најдете работа во други градови според нивото на вашата квалификација, но за оние кои се нашле во други земји, невозможно е да се вработат без познавање на јазикот и долг период на потврдување на квалификациите. Затоа, општествениот капитал е актуелен денес - образование, знаење, социјални и професионални вештини. Тие ќе овозможат подоцна да се врати нивото на материјална благосостојба, да се вратат изгубените материјални вредности. Мојот колега, професор на Универзитетот во Ужхород, предава онлајн додека е на фронтот, бидејќи верува дека образованата нација е предуслов за успешна повоена обнова на Украина. Во март, социолошката компанија Factum Group спроведе онлајн анкета меѓу Украинците. Таа покажа дека и покрај влошувањето на способноста да работат со полна сила, да имаат целосен одмор и вообичаен живот, социјалната благосостојба на Украинците е подобрена. Една од причините за подобрување на нивната благосостојба може да биде тоа што војната доведе до значително преиспитување на вредностите на Украинците и ги охрабри да го ценат повеќе она што го имаат“, додава Безрукова.

Како што објаснува таа, намалени се очекувањата на Украинците за задоволување на потребите, но намалени се и шансите да најдат нова работа ако претходната ја изгубиле. За разлика од пред војната, сега украинските граѓани не можат да заработат дополнителни приходи.

„Конкретно, се влошија можностите да се работи напорно, да се заработат дополнителни пари, да се купат најпотребните производи. Ова не е изненадувачки, бидејќи меѓу анкетираните во март 2022 година, 70% од испитаниците рекле дека во споредба со предвоениот период, нивната вклученост во работата е намалена, а само 8% - кажале дека е зголемена. Ова особено важи за луѓето од градовите со милионско население, оние кои заминале на друго место поради војната“, раскажува социологот.

Според истражувањето на социолошката група „Рејтинг“ има сериозни промени во животниот стил на Украинците. Пред војната, повеќето од нив имаа работа. Денес, само една третина работат нормално, секој петти на далечина или делумно, а уште поретки се оние кои нашле нова работа.

„Проблемот овде не е само економски. Работата е и вообичаен начин на живот, комуникација и интеракција со другите, структурирано време, нешто што психолошки стабилизира, дава доверба, ја намалува анксиозноста и ја зголемува самодовербата. Значителен дел од нашите граѓани ја изгубиле таквата поддршка и имаат поголема веројатност да имаат повисоко ниво на неприлагодување. Тоа најмногу ги погоди жителите на Истокот, оние кои ги напуштија своите домови и беа принудени да се преселат во други региони. Значително беа погодени младите кои загубија најмногу приходи. Досега само 5% од оние кои морале да заминат нашле нова работа. Според тоа, финансиската состојба на повеќето од нив е значително влошена, имајќи в предвид и дека заштедите во најдобар случај ќе бидат доволни за неколку месеци“, објаснува социологот.

Речиси пет милиони Украинци се регистрирани како бегалци низ Европа од руската инвазија на нивната земја, соопшти во четвртокот Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).

Сања Атанасовска

foto EPA/SERGEY KOZLOV

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените