03 Мај, 2024
0.0278

Украина во сенката на Сирија и изборите во САД

Објавено во: Свет, Колумни 21 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

„Нормандската четворка“  се состана во Берлин. Епилогот е -  договор да се договара. Ангела Меркел, Владимир Путин Франсоа Оланд и Петар Порошенко се изјаснија дека Минските договори немаат алтернатива. А тоа значи одолговлечување, бидејќи позициите на Украина и на Русија за нив се сосема спротивставени. Па затоа во Берлин се договори „цртање“ на „патна карта“ за нивно спроведување. А тоа само ја потврдува констатацијата дека мирот на Украина е далеку. „Патната карта“ треба да се усвои до крајот на ноември. На неа ќе работат експерти и министрите за надворешни работи на четирите држави. Домаќините на средбата, Германците, направиле некаква верзија на „патна карта“, но таа ќе мора да се усогласува.

Што е суштината на „патната карта“? Во основа да се нацрта патот по кој ќе се оди во спроведувањето на  Минските договори. А тие предвидуваат уставни промени со давање на посебен статус на областите Луганска и Доњецка, потоа избори во тие региони и амнестија на учесниците во борбите, па достап на мониторите од ОБСЕ во сите региони, и нивна контрола контрола на границата со Русија. Русите пред се настојуваат на политичката компонента на договорите, додека Украинците на безбедносните. Сега Германците сакаат со „патната карта“ да се направи паралелно спроведување на договореното, но прашање е колку ќе се успее во тоа. За Порошенко е самоубиство да направи, на пример,  уставни промени, бидејќи некои сили  во Украина тоа ќе го сметаат тоа како почеток на федерализација на државата и потклекнување пред заканите од „сепаратистите“. Овие, пак,  нема да се согласат со разоружување се додека не се исполнат политичките делови од договорот. Но, тука е Русија, и веројатно таа, колку и да тврди дека треба да се прашаат за се’ жителите на Доњецк и Луганск, ќе биде задолжена за нивно убедување да го прифатат договореното во Берлин. Што и ќе се случи.

Освен договорот за „патна карта“ во Берлин, на барање на Порошенко, како што изјави тој,  договорено е засилување на мисијата на ОБСЕ. Покрај бројното зголемување таа ќе има свои вооружени припадници, односно може да се зборува за некаков вид полиција која би се грижела за безбедноста на изборите и во преодниот период , кој на крајот треба да и овозможи на Украина контрола врз целата територија на земјата.  Каде и како ќе бидат разместени и колкумина ќе бидат се’ уште не е јасно. Путин се согласи со присуството на вооружени претставници на ОБСЕ, но не кажа каде, а канцеларката Меркел изјави дека  воведувањето на вооружена мисија на ОБСЕ „не е насушна потреба“.  Уште една поткрепа на констатацијата дека работите ќе се одолговлечуваат.

Преговорите на „Нормандската четворка“ минаа во момент кога во САД кулминираа дебатите меѓу кандидатите за нов американски претседател. И Оланд и Меркел и Путин знаат дека за САД Украина е „далеку“. Амерканците повеќе се насочени кон Сирија. Во момент кога се вршат подготовки за некаков нов договор за Сирија,под покровителство на САД и Русија, но во проширен состав, јасно е дека Американците немаат можност да се занимаваат и со Украина. А Порошенко како да игра токму на таа карта. Тој ќе чека и ќе го одолговлечува спроведувањето на Минските договори се до стапувањето на функција на новиот американски претседател. Цела Украина навива за Хилари Клинтон, по изјавите на Трамп за Крим и Украина. Но Украинците не треба да заборават дека со заминувањето на тимот на Барак Обама, новата  американска администрација тешко дека ќе го има, барем еден Џо Бајден, кој важи за најголем пријател на Украина во САД. 

Сенката на Сирија беше надвисната и над Берлин.  Некои набљудувачи сметаат дека Путин во Берлин им попуштил на Украинците во некои барања, а за кои претходно имал цврст став против. Што е тоа што го натера така да се однесува? Се чини развојот на ситуацијата во Сирија. Русија, по откажувањето на САД од заедничките операции околу Алеп, ги презеде во свои раце решенијата за судбината на тој град. Па заедно со асадовите сили го бомбардираа источниот дел од градот во кој се сместени исламските сили блиски до терористичката„Ал Каеда“, т.н. Фронт ан Нусра. Западот го искористи ова и започна атака врз Русија за гинењето на бројни цивили во тој дел на Алеп.

По разговорите за Украина, Меркел, Путин и Оланд  разговараа и за Сирија. Се чини дека токму оваа средба беше поводот за доаѓањето на Путин во Берлин. Тој до пред некој месец зборуваше дека нема потреба од средби на „Нормандската четворка“, ако на неа не се донесат некои конкретни резултати. Зашто на нив се верглаат се исти работи, а процесот на спроведување на Минските договори тапка во место.  И токму во Берлин, Путин најави продолжување на едностраното примирје. „Ние информиравме иза нашата намера, намерата на руската страна да се продолжи, доколку тоа е можно, поаѓајќи од реалниот развој на ситуацијата на теренот, да ја продолжиме паузата во нанесувањето на воздушни удари“, изјави Путин по средбата со Оланд и Меркел. Се чини дека тоа не оставило голем впечаток кај домаќинката, која, меѓу другото, изјави дека преговорите биле директни и многу жестоки,  дека авионските удари се нечовечни и дека Русија носи одговорност за нив. Ништо поблаг не беше ни Оланд.

Се чини дека по оваа средба за Сирија Русија може да смета дека нема да бидат воведени нови санкции кон неа, а кои деновиве беа гласно најавувани и од претставници на ЕУ. За нив пишуваше и германскиот печат повикувајќи се на извори блиски до канцеларката Меркел.

 И така помина Берлин. Украина остана во сенката на Сирија и изборите во САД. Порошенко се врати дома сметајќи се за некаков победник, кој носи успеси од преговорите. Но колку и да е задоволен од нив, тој врз себе го има бремето на Минските договори. А оној што ќе ги спроведе онака како што се усвоени и покрај разни „патни карти“, ќе мора да се прости од политиката. Дали украинскиот претседател е подготвен на таква жртва во интерес на враќање на мирот во државата и зачувување на целосноста, се разбира без Крим? Одговорот е дека засега не е подготвен.

Мирче Адамчевски


Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ: Камион влета во топла народ, возачот не кренал рачна, прегазени 29 ученици (ВИДЕО)

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ: Камион влета во топла народ, возачот не кренал рачна, прегазени 29 ученици (ВИДЕО)

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

Пронајдени четири бебиња во замрзнувач во стан на мајка која ја криела бременоста: Нема да и се суди, еве зошто

Пронајдени четири бебиња во замрзнувач во стан на мајка која ја криела бременоста: Нема да и се суди, еве зошто

ПАНИКА ВО МЕЛБУРН - повторно напад во трговски центар во Австралија: маж украл нож во продавница и напаѓал посетители

ПАНИКА ВО МЕЛБУРН - повторно напад во трговски центар во Австралија: маж украл нож во продавница и напаѓал посетители

ЕКСТРЕМНИ ПОПЛАВИ ВО БРАЗИЛ! Водата ги избрка луѓето од домовите, надлежните порачаа: ќе биде полошо од ова! (ВИДЕО)

ЕКСТРЕМНИ ПОПЛАВИ ВО БРАЗИЛ! Водата ги избрка луѓето од домовите, надлежните порачаа: ќе биде полошо од ова! (ВИДЕО)

НАЈМАЛКУ 30 ЛИЦА УАПСЕНИ НА ДРЖАВНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ПОРТЛАНД: полицијата се уште е на терен

НАЈМАЛКУ 30 ЛИЦА УАПСЕНИ НА ДРЖАВНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ПОРТЛАНД: полицијата се уште е на терен

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина