05 Мај, 2024
0.0221

Украина пред нов предизвик!

Објавено во: Колумни 22 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Во понеделник во Берлин, на барање на украинскиот претседател Петар Порошенко ќе се одржи средба со францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел. На Порошенко му гори под нозете. Од една страна Украина е потписник на Минските договори, кои треба да доведат до мир во државата, а од друга токму тие договори се повод за се поголема критика внатре во Украина. Очигледно Порошенко настојува на ова средба од причина што гледа дека работите со Украина како да одат на втор или трет план на Запад. Бегалците, Грција, Сирија, Иран, настаните во Кинеското море, сега Кореја, како да се поактуелни за САД, Франција и Германија, отколку Украина. Во оваа држава се погласни се противниците на Минските договори, кои дури велат дека Запад ја предал Украина. Работите одат до таму што поранешниот претседател на Украина, Леонид Кравчук, деновиве повика на економска блокада на „окупираните територии“ во Донбас и прекинување на секакви секакви политички и економски односи со нив. На тој начин се смета дека дека тие територии, по некое време, сами ќе паднат во рацете на Киев. Има повици за нова војна. Украинскиот амбасадор во САД, Валериј Чалиј, според Frankfurter Allgemeine, неодамна го обвинил  Запад дека Минските договори, од негова страна, се толкуваат не во полза на Украина, дека Москва дури не помислува за исполнување на нејзините обврски, а европските земји бараат од Украина доследно спроведување на договорите. Дури и давањето на посебен статус на проруските територии на истокот на Украина, се до формирање таму сопствена народна милиција, економска поддршка и посебни врски со Русија. И навистина се’ што вели Чалиј е во право. Но, тоа е цената на војната. Тоа е цената на преговорите. Послабиот секогаш се повеќе губи со одолговлечување на прегпворите. Впрочем ние го знаеме тоа од нашето искуство со Грција. Украина по потпишувањето на првиот Мински договор, кога сепаратистите зазедоа голема територија на истокот од земјата и кога се закануваше опасност од поголема војна, наместо да се зафати со негово спроведување, по неколку месеци започна нова офанзива врз сепаратистите. Тоа беше воена катастрофа, а овие освоија дополнителни територии. Преку ноќ се одржуваа средби, па во Минск се свика средба на врвот на „нормандската четворка“, лидерите на Русија, Германија, Украина и Франција, што резултираше со Минск 2. Нов договор, овој пат уште полош за Украинците, но и поконкретен во она што треба да се направи за да дојде до мир во Украина. Откако сепаратистите се откажа, под притисок на Русија, а оваа од Запад, за создавање на независна држава „Новоросија“, цената на мирот беше преточена во зборови запишани во документот, кој сега е жежок костен за Порошенко. Каков посебен статус, какви посебни права за проруски настроеното население во луганската и Дпњецката овласт во областите под негова контрола, велат противниците на Минските договори. А згора на тоа, се’ да биде направено и вградено во новиот Устав на земјата кој треба да се донесе до крајот на годинава. Порошенко веќе прати во украинскиот парламент предлог за измени на уставот. Но од него не се задоволни ни неговите украински противници, па и оние кои ја делат власта со него, како коалиција со неговата партија, ниту пак сепаратистите. Прво, промените кои даваат посебен статус на Доњецката и Луганската област, на територија под контрола на сепаратистите, се ставени во преодни одредби на документот, наместо да бидат посебни членови од новиот Устав. Втора работа е отсуството на дијалог, директен, меѓу украинската власт и сепаратистие. Последниве не ни помислуваат да го прифатат уставот со сегашните решенија и имаат свои видувања за нив, кои, пак Украина ги игнорира.. Тука реагираат и Русите. Тие инсистираат на доследност. Министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, пред некој ден, на прес конференција во Москва,  рече дека „ не вреди повеќе да се експериментира и да се испитува судбината, туку треба едноставно да се спроведе се она за што се договорија во Минск. Не само воената напнатост, туку и почеток на политички процес, јасно пропишан во договорите“. За Порошенко, кој е меѓу чеканот и наковалната, е многу тешко да почне директен политички процес. Од една страна, сакајќи да удвоволи на словото на договорите тој предложи некакви промени, и тоа под притисок на Викторија Нуланд, која не може да бара само од Русија спроведување на договорите, кои САД априори ги поддржуваат. Дента кога се носеше предлогот во украинскиот парламент таа беше зад кулисите, и притискаше да се обезбеди потребното мнозинство. Е, сега тоа треба да се спроведе во практика. Да се обезбедат правата на териториите под контрола самопрогласените, Луганска и Доњецка Народна Република. Права чии гаранти и творци, покрај другите, се и лидерите на Германија и Франција. Но, се разбира ќе треба да се види што за тоа имаат да кажат и Русите и лидерите на ЛНР и ДНР. Деновиве се одржуваат средби на експерти од четирите земји, околу спроведувањето на Минските договори во светлината на се поголемата напнатост на ситуацијата и опасноста од нов вооружен судир. Лавров на споменатата прес конференција рече дека „Русија подготви неофицијалне документ на осум страни во кој се анализира колку дејствата на украинската власт одговараат на обврските преземени од претседателот Порошенко во Минските договори, пред се во политичкиот процес. Ние тој документ го предадовме и на членовите на „нормандската четворка“, вклучувајќи ја украинската страна и на САД“. Но, ако се суди според првите негласни информации од тие средби, сите страни останале на своето. Според она што е пренесено од агенциите, дискусијата не била едноставна , но била работна. Во разговорите се разгледувала уставната реформа во Украина, а сите си заминале останувајќи при своето мислење. Руското Министерство за надворешни работи, официјално демантираше изјави на некои украински претставници, дека украинската позиција на преговорите била поддржана од претставниците на Франција и Германија. И се додава дека „биле очигледни недостатоците на аргументите на украинските партнери“. Во очекување на резултати од експертските средби, и средбата во Берлин, од Франција стигна веста дека не се исклучува средба и на „четворката“, значи и присуство на Владимир Путин. А од Украина, дека за 31 август е свикано вонредно собрание на Парламентот на кое ќе се разгледа предлог законот за внесување на измени во Уставот во поглед на децентрализацијата на власта. Сите се во трка со времето. За десетина дена, треба да се донесе некое опипливо решение. Не јасно дали ќе се успее во тоа. Решение кое ќе ги задоволи сите страни во конфликтот и гарантите на договорите, Германија и Франција. Што ќе биде ако не се успее? Некои заговараат „хрватско сценарио“ од типот на операцијата „Олуја“. Демек, изминативе месеци воени инструктори од САД, Канада, Авбстралија и Велика Британија ги обучувале и ги обучуваат се уште украинските вооружени сили, па сега тие се способни да стапат во акција. Одговорот на ова е дека во таков случај украинските сили ќе бидат повторно поразени, доколку не се вмешаат САД и дрги земји од Запад. А тоа би значело директна војна меѓу две нуклерани сили. Други пак велат дека ќе с формира широка коалиција која што ќе го изолира Путин. Се оди до таму што состанокот во Берлин во понделник без учество на Путин се вели дека е удирање „заушка“ на него. Се чини дека најбилску до вистината е американскиот историчар, професорот на катедрата за руски истражувања на Пристонскиот и Њујоршкиот универзитет Стивен Коен, кој во еден свој текст објавен деновиве ги предупреди САД од војна во Украина во „виетнамски стил“. Неговите заклучок е „дека има многу фактори кои директно влијаат врз развојот на ситуацијата во Донбас. Но, сосема очгледно е дека без посебен статус на регионот е невозможно решение. А без учество на САД преговорите ќе бидат без резултат“. Според него, такво нешто посакуваат и од ЕУ.  Би дадале дека и Русија ќе нема ништо против тоа, бидејќи во една поодамнешна изјава од официјална Москва беше речено дека не се противат на такво нешто, но ако тоа го побараат Американците. Впрочем средбата на американскиот државен секретар секретар Џон Кери со Путин во Сочи неодамна и неговите многу чести средби со Лавров сигурно не минале и без разгледување и на вклучување на Американците во игра. За крај, погоре споменатиот Кравчук, само еден ден по изјавата за блокада на , вчера се јави со сосема спротивна изјава. Според него средбата во понеделник во Берлин нема да доведе до крај на војната во Донбас. „ Крај на војната би можел да донесе договор потпишан од Украина, Русија, САД, Германија, Велика Британија и Франција. Прекинување на војната и отпорот во Донбас, јас овде не сметам на Крим, може да дојде само врз основа на таков договор“., рече Кравчук. Би додале - многу е битно што се’ ќе биде напишано во него. Мирче Адамчевски

Можеби ќе ве интересира

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина