Украина го запре транспортот на руска нафта за Унгарија, Чешка и Словачка
Објавено во: Свет 09 Август, 2022 13:31
На 4 август, украинската компанија Укртранснафта го прекина испумпувањето на руската нафта преку јужниот крак на нафтоводот Дружба кон Унгарија, Чешка и Словачка, потврди за РИА Новости Игор Демин, портпаролот на претседателот на Транснефт.
- Точно, на 4 август, во 6:10 часот, Укртранснафта целосно престана да пумпа нафта за Унгарија, Чешка и Словачка долж јужниот огранок на Дружба. Во исто време продолжува транзитот низ Белорусија во правец на Полска и Германија - рече тој.
Според Демин, украинската компанија обезбедува транспортни услуги на 100 отсто припејд основа, но при последниот обид да се плати транзитот, средствата биле вратени на сметката на Транснефт, пренесува „Н1“.
Руското Министерство за енергетика и испраќачите кои снабдуваат гориво за Унгарија, Чешка и Словачка, како и самата Укртранснафта, се свесни за моменталната ситуација, заклучи тој.
Транснефт објави дека разгледува алтернативни опции за плаќање на транзитни услуги низ Украина. Компанијата апелираше до Гаспромбанка да добие дозвола од европскиот регулатор да врши плаќања врз основа на договорот со АД Укртранснафта.
Нафтоводот Дружба започнува во областа Самара, поминува низ Брјанск, а потоа се разгранува во северниот и јужниот дел, поминувајќи низ територијата на Белорусија, Украина, Полска, Германија, Чешка, Словачка, Унгарија, Латвија и Литванија. Украинскиот дел е во сопственост на Укртранснафта, додека Русија плаќа за транзитот.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала
Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност
Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск




