Украина го прекина протoкот на руски гас преку Луганск
Објавено во: Економија 10 Мај, 2022 19:39
Украина го прекина протoкот на руски гас преку Луганск поради „виша сила“.
Киев како причина за запирањето на третина од протекот на гас кон Европа наведе „виша сила“, додека Газпром вели дека немало проблеми што би го оправдале запирањето.
Украина продолжи да биде главната транзитна рута за рускиот гас до Европа дури и по руската инвазија на земјата на 24 февруари, вели Ројтерс.
ГТСОУ соопшти дека не може да ги врши операциите на гасната компресорска станица Новопсков на локацијата поради „мешање на окупаторските сили во техничките процеси“.
Со оглед на тоа што персоналот на ОГСТУ „не може да врши оперативна и технолошка контрола“ над приклучната точка Сохранивка и компресорската станица Новопсков, компанијата не може да продолжи да ги исполнува своите обврски од договорот.
Компресорската станица Новопсков во областа Луганск во источна Украина беше окупирана од руските сили и сепаратистичките борци веднаш по почетокот на инвазијата.
Тоа е првиот компресор во украинскиот транзитен систем за гас во регионот Луганск, транзитна рута за околу 32,6 милиони кубни метри гас дневно, или третина од рускиот гас што оди во Европа преку Украина, соопшти ГТСОУ.
Можеби ќе ве интересира
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји
Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје
„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз
(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“
Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?




