Украина чека оружје за да го руши мостот што ја поврзува Русија со анектираниот Крим
Објавено во: Свет 17 Јуни, 2022 12:16
Украина објави детали за напад на рускиот мост преку теснецот Керч до Крим, заканувајќи се дека ќе го таргетира клучниот пат кон полуостровот анектиран од Русија во 2014 година.
Украинската воена разузнавачка служба ги објави официјалните руски податоци за изградба на мостот, иако не можно веднаш да се утврди автентичноста на документ од речиси 300 страници. Документот беше објавен еден ден откако украинскиот генерал Дмитриј Марченко рече дека мостот ќе биде „цел број еден“ доколку Киев го добие потребното оружје. Генералот Марченко рече дека Москва го користела мостот за транспорт на материјали за Крим и јужна Украина.
Изградбата на 18-километарскиот мост чинеше милијарди, а од 2018 година го поврзува Крим со руското копно. Портпаролот на руската влада Дмитриј Песков изјави дека се преземени сите мерки на претпазливост за да се обезбеди безбедноста на Крим. Тој додаде дека Кремљ е свесен за најновите закани на Киев дека ќе удри по мостот.
Москва се закани дека ќе го бомбардира Киев доколку мостот биде нападнат. Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека заканата на Марченко е во спротивност со ветувањата на украинскиот претседател Володимир Зеленски до западните партнери дека нема да користи оружје со долг дострел за да ја нападне руската територија.
Руската војска го окупираше полуостровот на Црното Море во 2014 година кога Украина беше ранлива на промена на власта и не можеше да се спротивстави. После тоа се одржа меѓународно непризнаен референдум и Крим беше припоен кон Русија.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала
Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност
Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск




