УЈП ќе одржи аукција на запленет имот и автомобили со многу ниски почетни цени
Објавено во: Економија 06 Ноември, 2017
Управата за јавни приходи закажа јавна аукција за продажба на недвижен имот, автомобили и запленети предмети со ниски почетни цени.
Аукцијата ќе се одржи на 15-ти ноември, а меѓу другото, ќе биде понудено градежно неизградено земјиште во Свети Николе за околу 55.000 евра, повеќе магацини во општина Чашка за околу 95.000 евра, автомобил Мерцедес и Фиат Пунто со почетна цена од 1.100 односно 1.150 евра и други останати марки на автомобили по екстра ниска цена.
Целосен увид на предметите кои ќе бидат предмет на продажба на оваа аукција може да најдете на следниот тука.
Повеќе детали за условите за учество на аукцијата, како и детална листа на предметите за продажба со почетни цени може да најдете на следниот линк.