13 Декември, 2025
0.0354

УЈП: Исплатата на повратот од „Викенд без ДДВ“ по ребалансот на буџетот

Објавено во: Економија 26 Октомври, 2020 13:23

Добивај вести на Viber

Од Управата за јавни приходи велат дека Собранието прво треба да го усвои ребалансот на буџетот за 2020, а веднаш потоа на сметките на граѓаните ќе им биде исплатен повратот на данокот од „Викенд без ДДВ“.

Враќањето на целосниот износ на ДДВ законски треба да се изврши во рок од 15 дена од денот на скенираните сметки, а овој проект од четвртиот сет на економски мерки се изведе за време на продолжениот викенд од 10 до 12 октомври. Од УЈП очекуваат исплатата да се изврши 

- Станува збор за мерка од четвртиот пакет и за тоа прво мора да биде изгласан ребалансот на буџетот во Собранието. Очекуваме тоа да се случи до крајот на неделата. Штом тоа биде изгласано во Собранието, ние можеме да ја направиме исплатата за еден ден, велат од УЈП.

На граѓаните кои се корисници на апликацијата МојДДВ, за фискалните сметки издадени на деновите 10, 11 и 12 октомври 2020 година,  за вкупниот промет до 30.000 денари по лице, остварен од македонски производи и услуги, како и компјутерска опрема треба да им се врати целосниот износ на пресметаниот ДДВ за овие производи во фискалните сметки,.

За денеска е најавена долгонајавуваната пленарната седница за ребалансот на буџетот, која максимум може да трае пет дена, односно до крајот на неделата. За проектот „Викенд без ДДВ“ првично беа одредени 17 милиони евра, но според потрошеното, треба да им бидат исплатени 1,1 милиони евра, поточно 66.853.929 денари.

За купените македонски производи и услуги и компјутерска опрема во деновите 10, 11 и 12 октомври вкупно 204.088 граѓани кои скенирале оствариле промет од 558.176. 715 денари.

Премиерот Зоран Заев за повратот на средства за проектот „Викенд без ДДВ“ рече дека ќе се врати многу помала сума од планираната на сметките кај граѓаните, затоа што во ек на оваа криза, како што вели тој, граѓаните штедат пари.

- Сиромаштија е, се штедат пари, секој сака да купи само тоа што му треба, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање откако беа објавени бројките.

А.К.



Можеби ќе ве интересира

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз

„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?

Венецуела тврди дека Трамп ја сака нејзината нафта - дали тоа навистина е целта на САД?

Венецуела тврди дека Трамп ја сака нејзината нафта - дали тоа навистина е целта на САД?

ТРОШАТ ПОВЕЌЕ ОД ПОРАНО: Колку заработи Албанија од туристите годинава?

ТРОШАТ ПОВЕЌЕ ОД ПОРАНО: Колку заработи Албанија од туристите годинава?

Стопанска банка а.д. Битола од денес и официјално АЛТА банка АД Битола

Стопанска банка а.д. Битола од денес и официјално АЛТА банка АД Битола

Од 1 јули следната година ЕУ воведува царина од три евра за нарачките преку сајтовите за е-трговија

Од 1 јули следната година ЕУ воведува царина од три евра за нарачките преку сајтовите за е-трговија

Мицкоски ги потврди гласините: На 15 декември се затвора трезорот

Мицкоски ги потврди гласините: На 15 декември се затвора трезорот