УЈП и Обвинителството го гонат, ама бизнисменот Крмзов од Струмица за една година сврте 185 милиони евра со три фирми за конфекција
Објавено во: Економија 13 Мај, 2025 12:23
Звучи неверојатно, но сите три фирми за продажба на конфекција на големо на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов се на првите три места по најголеми остварени приходи за 2024 во Струмица.
Крмзов од изминатата година е под истрага од страна на Управата за јавни приходи, но токму во овој период трите фирми на „кралот на текстилот“ остваруваат вкупно приходи од 185 милиони евра од таканаречената продажба „на кило“ на облека.
На второто место е „Крмзов-МР“, компанија со која оригинално се поврзани почетоците на работата на Крмзов. Иако официјалната дејност е изградба на згради, во суштина фирмата е позната по прговија на големо со текстил. Приходите се 62,7 милиони евра.
Трета е „Камилком СР“, исто така на Крмзов. Минатата година и оваа фирма, инаку регистрирана во 2022, регистрира подружница за продажба на конфекција на големо, ауправител е Васе Панајотов. Остварените приходи се 55,66 милиони евра.
Крмзов официјално не е обвинет, но во изминатиот период институциите излегуваа во јавноста со индиции и сомневања за злоупотреби тешки 15 милиони евра преку поврзани фантомски фирми за нереален поврат на ДДВ.
Негови компании беа опфатени со предистрага за даночно затајување и перење пари, а претставници на власта веќе јавно обвинија во овој случај дека има индиции за „епски криминал“. Тој обвини дека е жртва на локални моќници. Како што рече, „локални шерифи“ и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ сакаат да го уништат него и неговиот бизнис.
Обвинителството отвори предистражна постапка во соработка со Министерството за финансии.Крмзов беше поврзан и со случајот „Еуростандард банка“ и илегални меѓународни трансакции, како и со шверц на брендирана облека. Последна информација од Обвинителството е дека во предистрагата е побарано одземање на пасош, рече тогаш државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски
А.К.
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




