24 Април, 2025
0.0328

УХМР ИЗЛЕЗЕ СО ДЕТАЛНА ПРОГНОЗА: Еве какво лето ќе имаме

Објавено во: Македонија 11 Јуни, 2024 11:20

Добивај вести на Viber

Со голема веројатност се очекува дека летото 2024 ќе биде топло и сушно. Според анализите за целиот југоисточен регион на Европа, се очекува летните температури да достигнат натпросечни вредности. За територијата на Република Северна Македонија постои многу голема веројатност за надминување на температурите од многугодишните просечни вредности и до 3°C. Најголемото позитивно отстапување на температурата на воздухот од повеќегодишните просеци за оваа сезона се очекува да биде во месец јули, покажува анализата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

- Несигурноста кај регионалните прогнозирања за врнежите е секогаш поголема во однос на температурата. Ако се набљудува медитеранскиот регион, тогаш нема јасен сигнал за врнежите и можеме да кажеме дека ќе бидат просечни. Но, доколку се ограничиме на регионот на југоисточна Европа, тогаш локалните фактори и локалната варијабилност на регионално ниво, со поголема веројатност ни дава сигнал за намалување на врнежите во однос на повеќегодишниот просек. Се очекува целиот југоисточен регион на Европа да има врнежи под просечните. Најголемо негативно отстапување на врнежите за оваа сезона се очекува да биде во месец јули. Во планинските делови постои голема веројатност дека просечните врнежи ќе бидат надминати поради епизоди на засилена конвекција и појава на обилни врнежи, наведуваат од УХМР.

Многугодишниот просек (1981-2010) за температурите на воздухот во летната сезона се движат од 16.0°C во планинските предели до 25.3°C измерени во Гевгелија. Врнежите во овој период се во границите од 23.9mm измерени на метеоролошката станица во Штип до 96,7mm во Маврово.

Многугодишниот просек (1981-2010) на температурата на воздухот во Скопје за јуни, јули и август изнесува 21.9°C, 24.2° и 23.9° C, соодветно.

Многугодишната (1981-2010) просечна количина на врнежи во Скопје за јуни, јули и август изнесува 44.0mm, 37.6 mm и 34.4mm, соодветно.

- Сезонскиот изглед на времето е научен пристап што овозможува информации за климатските карактеристики за неколку месеци или сезони однапред. Во престојната летна сезона секако постои веројатност да се јават периоди со исклучително топло и сушно време, како и веројатност за изразени негативни отстапувања од вообичаените средни вредности на температурата, но и влажни продори. Повремено може да доминираат субсезонски варијации, што не се предвидливи долго време однапред, па затоа силно се препорачува редовно ажурирање на прогнозата, нагласуваат од УХМР. 


Можеби ќе ве интересира

СЕ ЈАВИЛА ПО ТЕЛЕФОН СО ВРИСОЦИ: Исчезна 35 годишната Симона Стојкова

СЕ ЈАВИЛА ПО ТЕЛЕФОН СО ВРИСОЦИ: Исчезна 35 годишната Симона Стојкова

ПОВРЕДЕНИ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Наредната недела од болница ќе бидат испишани тројца

ПОВРЕДЕНИ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Наредната недела од болница ќе бидат испишани тројца

НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ: Дрво падна на улица и го попречи сообраќајот

НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ: Дрво падна на улица и го попречи сообраќајот

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ДКСК ОСТАНА БЕЗ ПАСОШОТ: Определени се и други мерки на претпазливост

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ДКСК ОСТАНА БЕЗ ПАСОШОТ: Определени се и други мерки на претпазливост

ПРИЛОЖИЛ ЛАЖНИ ИТАЛИЈАНСКИ ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА: Koсовски државјанин е приведен на Блаце

ПРИЛОЖИЛ ЛАЖНИ ИТАЛИЈАНСКИ ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА: Koсовски државјанин е приведен на Блаце

(ВИДЕО) КРАДЕЦ ОГРАБИ МАНАСТИР ВО КРИВОГАШТАНИ: Кој ќе го препознае лицето да пријави во манастирскиот одбор

(ВИДЕО) КРАДЕЦ ОГРАБИ МАНАСТИР ВО КРИВОГАШТАНИ: Кој ќе го препознае лицето да пријави во манастирскиот одбор

Истрагата во случајот „Адитив“ ја опфати и претседателката на Антикорупциска комисија, повикана е на распит во суд

Истрагата во случајот „Адитив“ ја опфати и претседателката на Антикорупциска комисија, повикана е на распит во суд

ВМРО-ДПМНЕ: Битиќи да каже зошто чувал класифицирани информации во домашен сеф

ВМРО-ДПМНЕ: Битиќи да каже зошто чувал класифицирани информации во домашен сеф

Љутков: Не можам да исплатам нова плата без поддршка од Министерството за финансии

Љутков: Не можам да исплатам нова плата без поддршка од Министерството за финансии