09 Мај, 2024
0.0259

Угостителите го испочитуваа работното време до 18 часот, но бараат државата да им возврати со олеснувања

Објавено во: Економија 13 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Угостителите вчера главно ја почитуваа вонредната мерка за скратено работно време до 18 часот, но за возврат побараа од државата да им ги намали даноците и другите давачки за одреден период поради финансиските импликации кои се очекуваат да се јават подоцна во нивното работење.

Кафе баровите, рестораните, казината и обложувалниците од вчера работат со скратено работно време со преполовен капацитет, односно масите во овие објекти треба да бидат на соодветна оддалеченост. 

Мишко Аниќ, еден од управителите на елитниот ресторан „Воденица Мулино“, ги повикува сите угостители на трпение и солидаризирање со новонастанатата ситуација, а за последиците да се размислува подоцна.

- Она што можам да го заклучам од денеска е тоа дека колегите навистина сакаат да помогнат да се надмине оваа ситуација и сите се согласни дека треба со наша поддршка да се сузбие оваа непогода. Ние брзо реагиравме на повикот и се прилагодивме на ситуацијата. Повикувам сите заедно да ја спречиме ескалацијата да не биде уште полошо и ако некој гледа ситни лични интереси во однос на конкуренцијата, да заборави на тоа. И порано имало кризи, но сега сите треба да бидеме сплотени и да делуваме активно, бидејќи тоа е од општ интерес, вели Аниќ.

Тој вели дека неговиот ресторан има 50 вработени, но дека нема намера да му се заблагодари на услугите на некому од работниците. Дел од нив биле ослободени од обврските и биле испратени дома за да се грижат за своите деца до 10 години.

- Ние не се жалиме од тековните загуби кои ги трпиме, но бараме од државата да возврати со поддршка и да има разбирање за нас. Очекувам да ни излезе во пресрет со даночни олеснувања за овој период, бидејќи нашите трошоци се фиксни. Тие не се намалуваат доколку помалку работи ресторанот. Не очекувам помошта да биде од тој степен како што се најавува во Италија, која за ова ќе добие и финансии од фондовите на ЕУ, но државата треба да има слух за нашата фела, смета Аниќ.

Според она што го видовме вчера доцна попладне, популарните кафе-барови, кафеани и ресторани, кои инаку важат за доста прометни, строго го почитуваа терминот од 18 часот и последните сметки ги наплатуваа пред препорачаното време. Имаше и такви кои не брзаа да затворат на време, но сите се согласни дека оние што сакаат да се напијат кафе, да порачаат скара или да вкусат одреден специјалитет, ги има многу помалку.

Здружението на угостителството и туризмот, Туристичко-угостителска комора на Македонија, Стопанска комора за туризам на Македонија, Здружението на хотели, ресторани, кафетерии и автокампови - ХОТАМ и Националната асоцијација за дојдовен туризам - НАИТМ веќе доставија до Министерството за економија предлог-мерки за ублажување на негативните последици од Корона вирусот по дејноста. Претставниците на бизнис секторот рекоа дека загубите може да достигнат и до 80 проценти. 

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?