09 Мај, 2024
0.0241

Удри по критичарите!

Објавено во: Колумни 26 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Се очекува дека ПР консултантите можат да решат каков било скандал и да менаџираат различни кризи! Доволно е клиентот да ја каже својата страна од приказната, да се релативизира или минимизира проблемот или пак да се одвлече внимание на јавноста од проблемот, кон нешто сосем друго (т.н спин) и на таков начин да се надмине кризата. Во светот во последниве години особено е популарна ПР стратегијата “да се извиниш” да се побара разбирање, сочувство, компанијата да побара јавноста да и прости. Па така политичари, јавни личности се извинуваат за секс скандали, мултинационални компании се извинуваат  за предизвикани еколошки катастрофи, наведувајќи дека жалат за тоа што се случило, дека немале таква намера ниту пак можност за контрола над случувањата. Кај нас, доколку се набљудуваат ПР потезите, несомнено може да се извлече заклучок дека омилена и најчесто користена ПР стратегија е “да удриш по критичарите” Ако некој се реши за протест, да организираш контра протест, ако се појави некое здружение или невладина организација со некаков став, одма да се појавува контра здружение кое ќе го критикува и омаловажува другото. Секако сето тоа е за да се збунат граѓаните, и да не им е многу јасно што се случува. Откако се обзнани аферата со “бомбата” на опозицијата, за да се амортизираат ударите веднаш следните денови владата излезе со нови вработувања. Лидерот на опозицијата е осомничен за соработка со странски служби, а формиран е и фронт за одбрана на земјата. Но, прашањето е колку тоа успева, и дали ПР експертите можат да ја менаџираат секоја криза? Дали постои решение за секоја ситуација?  Еден од најголемите ПР гуруа во светот, Ерик Дезенхал, човек кој последниве 30 години расчитува туѓи скандали, срамови и кризи има изјавено “Според уставот секој има право на адвокат, ама тоа не значи дека има и право на добра репутација” Или кажано поинаку, некогаш што и да направиш, како и да те советуваат па дури и најдобрите ПР консултанти, лош имиџ не можеш да поправиш. Од друга страна токму за да се спречи криза, ПР консултантите треба да се ангажираат многу порано, пред да настане проблемот. Во таква ситуација ПР советниците можеби со своите совети би влијаеле да не дојде до криза. Исто така треба да се напомене дека кризите и не секогаш се предвидливи, а нивната појава и не зависи само од една страна. За разлика од кога и да е претходно, моментално не постои прирачник за менаџирање кризи, а потврда за тоа е и начинот на кој најголемите и најмоќните светски институции и компании се справуваат со проблемите, и неможноста кризата брзо и позитивно да ја надминат, и да го поправат својот имиџ. Кај нас пак, поради воздржаноста и пасивноста на јавноста, поради големата контрола врз медиумите, кризите брзо се забораваат и многу добро се менаџираат, нешто што не е случај во светот. Ако член на кралското семејство во Англија направи скандал, информација брзо ќе метастазира, а јавноста брзо ќе го осуди, и многу време ќе помине додека се поправи лошиот имиџ. Да нема дилеми, ПР консултантите можеби не можат да ја спречат секоја криза, но во голем број на случаи повеќето можат да ги ублажат, а клиентот да заштеди многу пари, нерви и време! ПР индустријата секогаш ќе нуди стратегии и тактики кои ќе сака да ги продаде и од тоа да заработи, а клиентот мора да биде многу паметен, кого и што ќе одбере! Сашо Дуљанов

Можеби ќе ве интересира

Путин почнува нова шестолетка

Путин почнува нова шестолетка

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина