19 Мај, 2024
0.0280

Учете украински и бидете спремни кога ќе ја посетите земјата – ова стана мото на многу странци

Објавено во: Свет 09 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Откако почна кризата во Украина, зголемен е бројот на странци кои сакаат да ја совладаат основата од украинскиот јазик, и јасно наведуваат дека по завршувањето на војната, откако состојбата ќе се нормализира, планираат да ја посетат земјата.

Бараат начини онлајн  со помош на украински професори да научат да разговараат на украински јазик. Дури и ако не станува збор за посета на Украина, дел од странците велат дека кај нив имаат украински бегалци кои не зборуваат добро англиски и тие сакаат да научат украински за да си ја олеснат комуникацијата. Има и такви чии корени се од Украина, но родени се во странство, и сега се заинтересирани да го научат јазикот или ако имаат минимално познавање да го усовршат. 

Вјачеслав Јурјевиќ Тротсак преку мрежата Pen4Pals помага на странците кои сакаат да го учат украинскиот јазик. Услугата ја нуди од 2014 година, а сега добива на интензитет.

„Живеев во Украина во моето детство, и го разбирам украинскиот јазик. Сега живеам во Русија. Татко ми е Украинец, мајка ми е Русинка. Имаме повеќе од 2.200 членови и тоа од САД, Канада, Велика Британија, ОАЕ, Австралија, Унгарија, Мјанмар, Палестина, Египет. Сакаат да го учат јазикот затоа што сакаат јазици, поради патувања, имаат предци од Украина или сопружници од Украина. Сакаат да научат кирилица, пишување, едноставни реченици, честитки. За Англичаните јазикот е тежок“, вели Јурјевиќ Тротсак.

Освен оние кои по вокација се професори, за да помогнат се пријавуваат и други луѓе на кои украинскиот им е мајчин јазик, а при тоа солидно зборуваат англиски и можат да излезат во пресрет.

„Украинскиот јазик ми е мајчин и завршив универзитет за да бидам наставник, но никогаш претходно не сум предавал на луѓе преку Интернет. Јас ги сакам јазиците и сакав да му помогнам на некој, кој учи украински, за да разбере различни теми од граматиката. Со задоволство ќе разговарам со луѓето, оние на кои им е потребно да практикуваат да комуницираат. Мислам дека украинскиот јазик не е толку тежок за македонскиот и за другите словенски народи, но не  може да биде лесно за некој друг странец“, објаснува Максим Варфоломеев од Полтава.

Хари Луис од Индија, вели дека штом ќе заврши војната, сака да ја посети Украина, а што се однесува до учењето на јазикот, засега е почетник.

„Знам малку руски, а сега учам украински. Засега не е лесно да се патува во Украина, нема летови, но би сакал понатаму да ја посетам земјата. Кои градови ќе ги посетам не знам засега, затоа што не се знае ни кога состојбата ќе се нормализира“, вели Луис.

Џозеф Синглеј oд САД раскажува дека откако почнала војната, почнал да истражува за историјата на Украина, но почнал и да учи украински и се надева дека еден ден ќе може и да говори на овој јазик.

„Moето срце е со Украина, и ја чувствувам таа неправда. Се грижам за луѓето во таква ситуација. Јас исто така сакам да учам јазици. Читав за историјата на Украина. Уживам во јазиците и затоа решив да научам украински“, додаде Синглеј.

Жители на Канада велат дека во земјата имаат голема украинска заедница, и ако не можат да помогнат со домување, барем сакаат да го познаваат јазикот.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА: Француските сили почнаа „голема операција“

(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА: Француските сили почнаа „голема операција“

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години