Убави вести за акционерите на „Макпетрол“! За три месеци добивката е 2,78 милиони евра

Објавено во: Економија 24 Април, 2025 12:28
Од дејноста во првиот квартал „Макпетрол“ генерирал профит во вредност од 1,4 милиони евра, а уште 1,6 милиони евра се нето финансиски приходи во периодот јануари - март
Најголемата македонската компанија за трговија на мало со нафтени деривати ги израдува своите акционери, а воедно внесе оптимизам и општо кај инвеститорите на Македонската берза.
„Макпетрол“ во својот единечен извештај за работењето во првиот квартал годинава објави умерен раст на приходите и раст на нето добивката.
Така за првите три месеци приходите од продажба на „Макпетрол“ изнесуваат 113,57 милиони евра и тоа е за 5 осто подобар резултат од истиот период лани. Во структурата на продажба како и секогаш досега убедливо доминира домашниот пазар со 111,91 милиони евра.
Вреди да се истакне и тоа што иако има мало учество во вкупната продажба сепак извозот на „Макпетрол“ во првиот квартал годинава е зголемен за 50 отсто во споредба со истиот период лани.
Паралелно со растот на продажба растат и оперативните расходи на компанијата и тоа за 6 отсто во споредба со лани. На крај на март годинава тие изнесуваат 112,46 милиони евра. Очекувано убедливо доминантно учество имаат трошоците за набавка на трговски стоки и за тоа во првите три месеци „Макпетрол“ платил 98,75 милиони евра.
За своите вработени „Макпетрол“ платил 7,23 милиони евра што е за 10 отсто повеќе од истиот период лани. Воедно тоа е втора најголема ставка во вкупните оперативни расходи на оваа компанија. „Макпетрол“ има над 1.800 вработени, а најголем дел од нив се ангажирани на 126 бензински станици на компанијата ширум Македонија.
Оперативната добивка на „Макпетрол“ во првиот квартал заради зголемените оперативни расходи е помала 27 отсто во споредба со истиот период лани. Таа изнесува 1,4 милиони евра.
Значајно позитивно влијание врз нето добивката на „Макпетрол“ имаат финансиските приходи на компанијата. Од таа ставка „Макпетрол“ нето (по одбивање на финансиските расходи н.з.) инкасирал 1,6 милиони евра.
Р.Ф.
Можеби ќе ве интересира
МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА ЕКОНОМИЈАТА ИМА ПОТЕНЦИЈАЛ: Колкав раст очекува?

Македонија2025 го отвори најголемиот Самит досега: Фокус на реформи, иновации и економски раст

ММФ СО ПРОЕКЦИЈА ЗА ИНФЛАЦИЈАТА ВО 2026 ГОДИНА: Најниска во Швајцарија, највисока во Турција, е еве каде е Македонија

Самит Македонија 2025: Дигитализацијата клучна за економски развој, борба против корупција, поефикасна државна управа и подобри јавни услуги

НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

САД И КИНА ПОСТИГНАА ДОГОВОР: Ова е одлука за царините

Финансиско друштво со три милиони евра направи добивка од 1,2 милиони евра

Мицкоски од Самитот Македонија2025: ЕУ останува наша цел, но треба да научите да победувате во Вашингтон, Брисел, Берлин, Париз
