Уапсени мажи во Германија кои планирале напади
Објавено во: Свет 01 Февруари, 2017
Германската полиција синоќа уапси тројца мажи под сомнение дека имале блиски врски со терористичката организација „Исламска држава“.
Полицијата во Берлин за германските медуми потврди дека против тројца луѓе на возраст од 21, 31 и 45 години се поднесени обвиненија за подготовка на „сериозни акти на насилна субверзија, но властите немаат индиции дека уапсените подготувувале терористички напади во земјата.
Уапсените мажи планирале да патуваат на Блискиот Исток за да поминат воена обука, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Според весникот Билд, тројцата осомничени кои имале интензивни контакти со ченови на ИД во Сирија и Ирак често ја посетувале џамијата во берлинската населба Моабит, каде што одел и напаѓачот на божикниот панаѓур во Берлин, Анис Амри од Тунис кој со камион усмрти 12 лица.