УАПСЕН ГЛАВЕН ИНСПЕКТОР ВО ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЛИЧНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА МИНИСТРИ - кривична пријава за злоупотреба на овластувањата
Објавено во: Македонија 14 Мај, 2025 13:08
Уапсен е главен инспектор на Одделението за лично обезбедување на министри, поранешни претседатели на Македонија. Според објавата од Министерството за внатрешни работи, инспкторот ја злоупотребил својата позиција и на свои колешки им допишал повеќе работни саати, односно прекувремена работа и со лажните податоци им изработил список за плата.
- Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава за кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластувања“ по член 353 став 1 од КЗ на РСМ, против Б.М., во моментот на работно место главен инспектор во Одделение за лично обезбедување на министри, поранешни претседатели на РСМ и други личности при ОЗОЛО.
Во февруари 2024 година пријавениот како началник на Одделение за лично обезбедување на министри, поранешни претседатели на РСМ и други личности при ОЗОЛО, во евиденцијата за распоред на работни часови за месец февруари, иако знаел дека за две вработени нема изготвени наредби за работа подолга од полното работно време, евидентирал 32 часа, односно 28 часови прекувремена работа и изработил список за исплата на плата за месец февруари во кој ги евидентирал - се наведува во билтенот на МВР.
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




