One Man Show! Кој е кумановецот чии фирми лани направија приход од 124 милиони евра?
Објавено во: Економија, Анализа 16 Мај, 2023 11:23
Еве можело. Еден кумановец преку директно управување и посредно менаџирање на своите четири фирми лани успеа да направи агрегатен приход што надминува 124 милиони евра. Дури три од неговите фирми се во петте најголеми компании во најголемата македонска општина - единствена што има повеќе од 100.000 жители.
Каранфиловски упорно докажува дека и во Македонија и не е се така црно, лошо, корумпирано, неспособно и партиски зависно... Има и такви кои имаат визија, знаење, енергија и вештини да водат фирми кои прават големи пари за наши услови. Навистина треба да си калибар за да ја засениш целата бизнис елита во најголемата општина во Македонија. Да контролираш директно и посредно четири фирми и нивниот кумулативен приход да надминува 120 милиони евра. И при тоа да не се сликаш со политичари, министри, премиери и амбасадори.
Тоа е дострел на кој „се влажнат“ многумина менаџери или бизнисмени во земјава. Но ретко кој е калибар да оствари таков таргет. Иако во бизнис круговите знаат за кој се работи, овој кумановец за жал е анонимен за општата македонска јавност на која редовно и во големи дози и се сервира само дневна политика.
Тони Каранфиловски е менаџер и сопственик на неговата матична „хенд мејд“ фирма „Квалитет пром“, а е косопственик со братот Дејан во „ДЕТ ОИЛ“. Преку овиe две фирми одлучува и за деловните потфати на ФЗЦ „11 Октомври“ Куманово и за „Рапид Билд“. Лани неговата работа во четирите фирми оствари приход што надмина 124 милиони евра.
Воедно и на листата на напрофитабилни кумановски компании (тие што имаат добивка поголема од 1 милион евра) две се на семејството Каранфиловски, а меѓу најдобитните лани е и позната месна индустрија „Мега“ која се врати во нормала по силната оркестрирана хајка со политички примеси од пред неколку години. На листата најдобитни е и најголемата кумановска индустрија за производство на млечни производи.
Генерално листата на најголеми кумановски компании покажува дека овој голем македонски град има силна и разноврсна индустрија, но и силни компании од услужните дејности.
НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ВО КУМАНОВО (според приход во 2022 година)

Р.Ф.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




