21 Април, 2021
0.0213

Тутунски комбинат лани работел со добивка

Објавено во: Економија 02 Март, 2021

Тутунски комбинат АД Прилеп во 2020 оствари добивка во износ од 31.004 илјади денари, информира компанијата преку Македонската берза. Ова е втора година по ред, по 20 години поминати како еден од најголемите загубари во земјава, ТКП да прокнижува добивка од работењето. Во 2019 година добивката изнесуваше 39.220 илјади денари.

Според извештајот доставен до  Берза, во 2020 година оперативните приходи изнесувале  904.486 илјади денари и се намалени за 7% во однос на претходната 2019 година, како резултат на намалување на приходите од продажба Истовремено, оперативните расходи се зголемени за 1% во однос на претходната година. Зголемувањето на оперативните расходи најмногу е изразено кај ставката „Трошоци за суровини и други материјали“.

Позитивните финансиски резултати покажуваат дека друштвото ги исполнува планираните параметри, со тенденција да се продолжи со исто темпо и во наредните години. Изминатите години Тутунски комбинат, благодарение на партнерството  со Филип Морис Интернационал (ФМИ) во заедничката компанија ПМТКП, значително ја подобри инфраструктурата на производство со реновирање на производниот погон и подигнување на производствените стандарди, што овозможи и производство на нови квалитетни брендови од палетата на ФМИ -  Marlboro Flavour Plus, Chesterfield 7.0 и Marlboro Core 7.0.


Можеби ќе ве интересира

ШЕСТИ ПАКЕТ МЕРКИ: Помош за угостители, туристички водичи, естрадни уметници

ШЕСТИ ПАКЕТ МЕРКИ: Помош за угостители, туристички водичи, естрадни уметници

Познато е колку ќе чини шестиот пакет мерки

Познато е колку ќе чини шестиот пакет мерки

Ќе има 50 илјади бесплатни ПЦР тестови за туристите во земјава

Ќе има 50 илјади бесплатни ПЦР тестови за туристите во земјава

Народна банка дозволи: Може да имате странска сметка за да купувате акции во странство

Народна банка дозволи: Може да имате странска сметка за да купувате акции во странство

Преполно пред Министерството за финансии: Угостителите и туристичките работници бараат Владата да го почитува изборниот слоган „Можеме“

Преполно пред Министерството за финансии: Угостителите и туристичките работници бараат Владата да го почитува изборниот слоган „Можеме“

Шокантно откритие на Лукаревска: Мартовска плата не добиле 54.662 работници

Шокантно откритие на Лукаревска: Мартовска плата не добиле 54.662 работници

Брендот Shell отсега достапен во државата

Брендот Shell отсега достапен во државата

Бектеши: Рестораните за свадби можно е да отворат на крајот на мај

Бектеши: Рестораните за свадби можно е да отворат на крајот на мај

РЕКОРДЕН ПАД НА БИТКОИНОТ ЗАБЕЛЕЖАН НА ПАЗАРОТ: Во последните 24 часа неочекувано изненадување

РЕКОРДЕН ПАД НА БИТКОИНОТ ЗАБЕЛЕЖАН НА ПАЗАРОТ: Во последните 24 часа неочекувано изненадување