Турски новинари сепак, ќе заглават во затвор за тероризам
Објавено во: Балкан 01 Април, 2017
Дваесет и едно лице, меѓу кои се и познатиот турски поп пејач Атила Таш и повеќе новинари, за кои вчера судот во Истанбул нареди да бидат ослободени до почетокот на судскиот процес против нив, а кои се обвинети за тероризам, сепак, ќе останат во затвор, јавија агенцијата Анадолија.
Агенцијата денеска соопшти дека турскиот суд го запрел ослободувањето на осум лица, а обвинителството наредило под стража да останат и други 13 лица, кои сега се под истрага и под сомнение за обидот за насилно соборување на владата, од минатото лето.
Осомничените, главно новинари, неделава беа изведени пред суд за претпоставени врски со исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, кој живе во САД. Турските власти го обвинувата Ѓулен за организирање на обидот за преврат од јули минатата година.
Меѓу притворените е и турскиот поп пејач Атила Таш, кој пишуваше статии во весник и објавуваше сатирични твитови за претседателот Реџеп Тајип Ердоган.