Турски авиони трипати влегле во грчкиот воздушен простор?
Објавено во: Балкан 25 Април, 2017
Два турски борбени авиони „ф-16“ вчера дури трипати навлегле во грчкиот воздушен простор, на морската граница меѓу двете држави.
Тие, во придружба на авион „си-ен-235“, исто така навлегле во атинскиот регион за информирање за летови.
Сите авиони се пресретнати и изгонети од грчки авиони, објави официјална Атина.
Во последните месеци имаше голем број вакви нарушувања од турски авиони. Само на 1 февруари годинава имало 138 нарушувања на грчкиот воздушен простор.