17 Декември, 2025
0.0473

ТУРИСТИЧКИТЕ ДЕСТИНАЦИИ ПРАЗНИЧНО ИСПОЛНЕТИ, како до повеќе резервации во вонсезонскиот период?

Објавено во: Економија 03 Август, 2022 07:23

Добивај вести на Viber

Охридско струшката ревиера повоторно со максимална исполнетост деновиве. Вообичаено деновите околу втори август се бара легло повеќе на охридското крајбрежје, како во хотелите, така и кај приватнто сместување.

Шпицот на сезоната доведе до зголемен број туристи како на охридското крајбрежје, така и во другите македонски летни туристички дестинации. Но, она што е значајно за долгорочноста на угостителскиот сектор е исполнетота на летните дестинации во текот на целата сезона, но и надвор од сезоната.

Упатените укажуваат оти до крајот на месец август има задоволителен интерес, но и задоволително ниво на резервации, а слични вибрации имаат и за месец септември.

- Сметаме дека овој месец ќе биде солиден. Голем дел од капацитетите се букирани до крај на месецот. Имаме капацитети кои се букирани и со 90 отсто, некои 80, а некои 70 проценти. Затоа сметаме дека состојбата е добра. Има укажување дека кај приватното сместување има послаб интерес од минатата година, но сепак и кај нив интересот и резеравациие се солидни. Вообичаено деновите пред и по 2 август има многу концерти закажано на охридската ревиера што придонесеува за многу поголем интерес за сместување како во хотелите, така и во приватните капацитети и однапред се букира – објаснува првиот човек на ХОТАМ, Крсте Блажевски.

Блажевски за Фактор потенцира дека се очекуваат гости и туристи и во месец септември, со напомена дека се менува типот на туристи кои доаѓаат.

- Септември месец исто така очекуваме солидна посетеност. И понатаму ќе продолжат договорените летови со странските тур оператори, така што се очекуваат уште гости, со таа разлика што веќе во септември доаѓаат посетители кои се најчесто слободни, без деца како пензионерите кои немаат обврски со деца и носење во училишта. Дополнително веќе во септември почнуваат и семинарите, има најавено гости на семинари, па дел од капацитетите веќе се резервирани. Но резеравации за месеците октомври, ноември и декември има многу малку. Ова се вообичано најтешките месеци за туристичкиот сектор, особено за оние кои се насочени кон летниот туризам. Каква ќе биде посетеност на зимските центри допрва ќе видиме – вели Блажевски.

Нашиот соговорник посочува дека иако се чувствува дека туристите се враќаат и дека има интерес кај домашните и странските гости, сепак потенцира дека неизвесноста го кочи развојот на овој сектор и дека кризите кои се случуваат создаваатамбиент кон не дозволува да се прават догорочни планови.

- Иако има поврат на туристите, сепак, проблемите како да се надоврзуваат еден со друг. Прво беше пандемијата, па енергетската криза, војната во Украина, дополнително влошување на енергетската криза, инфалцијата... проблемите некако се надоврзуваат што создава неизвеснот кај граѓаните, а тоа им прави притисок за носење одлуки дали и каде ќе летуваат. Постојано има некакви осцилации, луѓето се исплашени, од една страна постојано нови болести, страв да не се разболат, од друга страна војна и неизвесност, сето тоа влијае негативно на секторот.  Неизвесноста не дозволува да кажеме дека ќе биде добро или е добро, оти може некој нов настан наеднаш да доведе до откажување на резервации. Дополнително со растот на цените на енергентите се зголемија нашите трошоци, дополнително и растот на цените на продуктите, инфалцијата си го направи своето, но цените во угостителските и сместувачките капацитети се многу слични на ланските. Нема простор да ги поскапеме услугите, што може да се одрази врз профитабилноста и рентабилноста на компаниите од овој сектор. Резултатите ќе бидат познати веројатно кон крајот на годината  - укажува Блажевски.

Првиот човек на ХОТАМ додава дека иако се чуствува подобрување на состојбите во сектроот, се уште не се достигнати нивоата од 2019 година, но не може ниту да посочи кога би се достигнале поради неизвесноста.

Податоците кои ги објавува Државниот завод за статистика покажуваат оти минатата година бројот на туристи во земјава надминал 700 илјади.

- Бројот на туристите во 2021 година изнесува 702.463, од кои 58,2 отсто се домашни туристи, а 41,9 проценти се странски туристи. Во споредба со претходната година, се забележува зголемување на странските туристи за 148,7 отсто. Бројот на ноќевањата во 2021 година изнесува 2.313.543, од кои околу 71 процент се од домашните туристи, а околу 29 отсто од странските туристи. Во споредба со претходната година, бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 165,1 проценти – пишува во извештајот на ДЗС.

Покрај домашните оваа година најбројни се туристите од соседството како и холанѓаните, полјаците и турците...

Петранка Огнаноска

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас