Туристи во Грција мета на крадци
Објавено во: Балкан 16 Јули, 2017
Српски туристи кои летувале во Никити во Грција се ограбени во својот апартман, кога разбојници им се протнале под ролетните и им украле два мобилни телеони и фото апарат.
Туристите станале лесна мета на крадците најверојатно затоа што во апартманот не им работела климата, па спиеле со отворен прозорец.
Сличен случај имало и во Пефкохори, каде момче се преправало дека лежи на плажа, а всушност прислушкува што зборуваат туристите, па така наслушнал дека некоја жена купила бунда, по што истата е украдена. Вечерта жената и нејзиниот сопруг биле ограбени во нивниот апартман.
Неодамна српските медиуми пишуваа дека нивните граѓани треба да внимаваат да не бидат ограбени додека се на одмор во Грција.