Турција со закана кон ЕУ - Сами ќе се справувате со бегалците
Објавено во: Свет 28 Јануари, 2017
Турција го губи трпението со бирократите во Брисел и се закани дека повеќе нема да го почитува договорот за згрижување на стотици илјади бегалци од Блискиот Исток кои во спротивно би тргнале кон европските земји.
„Ние имаме договор за реадмисија помеѓу Грција и нас и со ЕУ. Ние ќе ги преземеме сите мерки вклучително и поништување на овој договор”, изјави министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
Нетрпеливоста на Турција доаѓа откако Грција одби да ги екстрадира војниците кои пребегаа на нивна територија, а се осомничени дека биле дел од извршениот јулски пуч и нив ги очекува судење. Двајца од нив за АРД и „Шпигел“ тврдат дека немаат никаква врска со обидот за пуч, но без оглед на тоа во Турција им се заканува одење во затвор и можеби мачења.
Анкара и Брисел потпишаа договор во март 2016 година според кој Турција се обврзува да ги прими бегалците и да не ги пушта да одат кон ЕУ. Договорот и дозволува на Грција да го врати во Турција секој мигрант кој нелегално влегол во земјата. Помеѓу Анкара и Атина исто така има сличен билатерален договор.