Тупанчевски ќе формира ад-хок тело за имињата на бугарските здруженија во Македонија
Објавено во: Македонија 23 Август, 2022 14:20
Министерот за правда Никола Тупанчевски најави формирање ад-хок тело како прелдог на денешната седница на Владата кое треба да дозволува, односно да не дозволува регистрација на бугарски здруженија со контроверзни имиња во Македонија.
Министерот рече дека пва ќе биде привремено решение, до донесување на нов Закон за здруженија и фондации. Изминатиот период во јавноста се отвори прашањето за издавањето на дозовли за регистрирање на здруженија со спорни имиња на историски личности како „Иван Михајлов“ и „Цар Борис Трети“.
– Мој предлог би било да се формира ад хок тело, меѓуресорско, што ќе дава мислење за карактерот на историските личности, односно на начинот на којшто ќе се формираат. Во таа насока мислам дека ќе биде намалена можност да се злоупотребуваат одредени личности кои имаат негативен контекст низ различни историски епохи, изјави Тупанчевски, одговори Тупанчевски на новинарско прашање.
Постојната правна рамка дозволува ад-хок тело кое ќе се повикува на судската пракса на Европскиот суд за човекови права, ако се доведе во прашање називот на организацијата со одредена контроверзна историска личност. Телото ќе ги следи и оценува суштински како програмските така и дејствијата на организацијата и нејзините членови пред да донесат каква било одлука за забрана на упис или забрана за дејствување.
Можеби ќе ве интересира
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра




