14 Декември, 2025
0.0527

Тука сум, на фонтана – нов мурал на Халкбанк во соработка со Руки Чуки

Објавено во: Мои пари 15 Мај, 2025 13:19

Добивај вести на Viber

„Тука сум, на фонтана“ е насловот на новиот мурал кој ја краси фасадата на една од зградите спроти влезот на Граскиот парк во Скопје, кај фонтаната Лотос. Муралот, кој е иснпириран токму од платформата за млади Halk EZ и од значењето на оваа фонтана како симбол на дружење и заедништво на многу генерации млади, го изработи македонската илустраторка играфичарка Ружица Мандичевска (Руки Чуки), на иницијатива на Халкбанк.

„Фонтаната Лотос за мене не е само локација, туку е симбол на мојот животен стил во Скопје, дел од моето детство, симбол на љубов, на бунтовност, а и на некаква припадност. Се потрудив муралот да го покаже тоа во мој стил – една мала симпатична приказна полна бои и љубов. Како артист кој живее во Лондон, огромно задоволство ми е да оставам печат на мој начин тука, токму покрај фонтаната и „да сум тука“ цело време“, вели авторката Руки Чуки, која девет години живее и работи во Лондон.



За изработка на муралот беше избрана токму оваа локација затоа што фонтаната Лотос е главна инспирација за визуелниот идентитет на пакетот Halk EZ, кој е креиран за да одговара на потребите и начинот на живот на младите од 16 до 24 години.

 
„Кога се решивме за реализација на овој наш нов мурал, знаевме дека сакаме да добиеме нешто што ќе зборува без зборови, нешто што ќе ја фати енергијата на младоста, радоста и креативниот дух што нè движи напред. Уметноста ја има таа магија, да остави трага, да инспирира и да нè потсети на убавината на секојдневието. За ова дело кое е наменето да биде долготраен, надворешен брендинг за нашата Halk ЕZ платформа, довербата и слободата за лично уметничко изразување ѝ ја доделивме на нашата позната артистка - Руки Чуки, која преку својот професионализам и автентичен израз, во целост ги исполни нашите очекувања.
Преку овој пристап, веќе подолго време, суптилно ја раскажуваме нашата приказна како бренд, но уште поважно создаваме вредност што останува - за градот, за младите, за сите нас“, изјави Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
 
Пакетот Halk EZ е креиран за да одговори на секојдневните потреби на студентите, средношколците, младите кои водат брз и динамичен живот и ги користат дигиталните технологии. Тој нуди бесплатно мобилно и електронско банкарство, Visa бесконтактна картичка со која може да се повлекува готовина без надомест на сите банкомати во земјата и во странство, платежна сметка без трошоци за водење, и иновативни услуги како GarminPay, SmartSend, SmartCash.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија