Цукерберг планира изградба на град за своите вработени
Објавено во: Стил 23 Февруари, 2015
Основачот на социјалната мрежа „Фејсбук“, Марк Цукерберг планира изградба на град на брегот на Сан Франциско, за кој е предвидено да вдоми 10 илјади вработени во неговата компанија. Земјиштето на коешто ќе се гради „Zee town“, Цукерберг го купил за 400 милиони долари и се наоѓа на местото каде што е моментално компанијата.
Во рамките на градот испланирано е да се изградат сите содржини потребни за живот, почнувајќи од куќи, супермаркети, хотели, па и кина и трговски центри.
Инаку Цукерберг ќе издвои 200 милијарди долари за проектот, кој е дизајниран од познатиот архитект Франк Гери.
Љ.Н.