Цените на нафтата мешовите во пресрет на извештајот за резервите во САД
Објавено во: Економија 25 Март, 2015
Цените на нафтата во текот на денешното тргување во Азија беа мешовите, пред објавувањето на извештајот за резервите на тој енергент во САД, најголемиот потрошувач на нафта, наведуваат аналитичарите.
Американската „лесна“ нафта (WTI) за испорака во мај поефтинила на Њујоршката берза 12 центи на 47,39 долари, додека нафтата од типот „брент“ за мајската испорака во Лондон поскапела за пет центи на 55,16 долари, пренесува Франс прес.
Економистите кои учествуваа во анкета на „Блумберг“ оценуваат дека американските резерви во неделата заклучно со 20 март се зголемле, како што растеа и во претходните 10 недели, што создава додатен притисок на уривањето на цените поради обилните глобални залихи.
Податоците од Кина исто така влијаеа на цените, иако прелиминарниот индекс на управување со набавка во кинескиот преработувачки сектор во март паднал на 11 месечен минимум од 49,2 поени, со февруарските 50,7 посени, при што секој резултат над 50 поени укажува на раст, а под 50 поени на пад на секторската активност.