28 Март, 2024
0.0276

ТРОПНА ЛИ ЦРВЕНКОВСКИ НА ЗАТВОРЕНА ВРАТА - еве кој се од СДСМ застана во одбрана на Заев

Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Функционерите од владејачката СДСМ, кои држат и водечки државни позиции, застанаа во одбрана на нивниот лидер Зоран Заев, откако вчера попранешниот претседател на партијата Бранко Црвенковски, побара од нив да се оградат, од, како што ги нарече, скандалозните ставови на Заев во врска со отворените прашања со Бугарија, а дотогаш тој ќе го замрзне своето членство во партијата. 

Тие вчера вечерта на своите фејсбук профил спподелуваат постови со поддршка за лидерот Зоран Заев, каде главна идеја водилка е дека во земјава сега се најважни европските аспирации, околу кои треба да се обединиме сите во државава. 

Јавноста ја очекуваше реакцијата на вториот човек во СДСМ, заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, министерка за одбрана на земјава. Таа реакција е со поддршка за премиерот Зоран Заев. 

Став на партијата, на Владата, на претседателот Заев, но и државна позиција е дека македонската иднина е во Европската Унија, дека Македонците со својот македонски јазик чекорат напред кон Европа, кон просперитет и кон пријателство со сите соседи“, напиша Шекеринска на својот официјален фејсбук профил.

Еден од потпретседателите на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, напиша дека „секој има право на свое мислење и став, но граѓаните и СДСМ одамна избраа иднина“. 

Љупчо Николовски, вицепремиер задолжен за борба против корупцијата и криминалот, пак ја упати следнава порака. 

„Искажаните ставови на претседателот на партијата и премиер, Зоран Заев, се ставови на СДСМ. Овие ставови се изградени во рамки на партијата и нејзините органи, овие ставови се државни ставови и државни позиции, врз основа на довербата на граѓаните на последните избори“, напиша Николовски.

Мухамед Зекири, потпретседател на СДСМ и неодамна избран генерален секретар на Вадата, исто така имаше интересна објава на својот фејсбук пропфил. 

„Секој има право на свое мислење и став, дури и кога доаѓа после години молк. Но граѓаните и СДСМ, одамна и на време избраа европска иднина. Избраа да носат храбри и патриотски одлуки, кои конечно и практично ја движат македонската држава и целиот наш македонски народ кон исполнување на стратешките цели НАТО и ЕУ. Денеска резултатите на политиките на СДСМ и на Владата предводена од СДСМ се видливи на дело, а не само на зборови“, објави Зекири.

И популарниот министер за здравство, Венко Филипче, има свој позитивен став. 

„Премиерот Зоран Заев во изминатите три години донесе низа тешки, но целосно исправни одлуки со кои ја обезбедивме иднината за нашата земја. Тоа што тој и тимот го постигнаа во сите досегашни преговори, како и напредокот кој го направивме во ЕУ интеграциите се за најголема почит. Мора да продолжиме по овој пат и мудро да градиме пријателства штитјеќи ги нашите интереси и напредувајќи кон Европската унија“, напиша Венко Филипче. 

Благој Бочварски, актуелен министер за транспорт и врски, пак, објави. 

„Јас не познавам друг човек кој работи со толку многу енергија за својот народ, со многу трпение и со огромна желба да успееме, да нè биде, конечно да стигнеме таму каде што се бореле и работеле генерации и генерации наназад“, напиша Бочварски.

Коста Петров, пак, потпретседател на СДСМ и нов директор на ФИТР, пишува дека „Став на партијата, на Владата, на претседателот Заев, но и државна позиција е дека македонската иднина е во Европската Унија, дека Македонците со својот македонски јазик чекорат напред кон Европа, кон просперитет и кон пријателство со сите соседи“.

Можеби ќе ве интересира

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

МОТИВИТЕ ЗА УБИСТВОТО НЕ СЕ ПОВРЗАНИ СО НЕГОВАТА ПРОФЕСИЈА - приведени се двајца за убиството на матичниот доктор во Железара

МОТИВИТЕ ЗА УБИСТВОТО НЕ СЕ ПОВРЗАНИ СО НЕГОВАТА ПРОФЕСИЈА - приведени се двајца за убиството на матичниот доктор во Железара

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ПРОЛЕТТВА - Славчо Попоски со прогноза за следниве месеци

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ПРОЛЕТТВА - Славчо Попоски со прогноза за следниве месеци

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите се подготвуваат за изборите, Тошковски загрижен за изборниот процес во ИЕ 6

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите се подготвуваат за изборите, Тошковски загрижен за изборниот процес во ИЕ 6

КУМАНОВЕЦ „ОЛЕСНЕТ“ ЗА 800 ЕВРА: Му дале бижутерија лажејќи го дека е дијамант

КУМАНОВЕЦ „ОЛЕСНЕТ“ ЗА 800 ЕВРА: Му дале бижутерија лажејќи го дека е дијамант